1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Борусија најблиску до Бајерн

Двете најдобри екипи во германската фудбалска лига, за првпат сезонава, се издвоија и на чело на табелата по победите викендов (24/25.11). Фрајбург направи најголем скок на табелата.

И покрај мечевите во Лигата на шампионите кон средината на минатата недела, Бајерн Минхен и Борусија Дортмунд без поголеми проблеми извојуваа победи во 13. коло од германската Бундеслига, и се одвоија на првите две места на табелата.

Бајерн во Минхен го испрати Хановер со пет гола во мрежата. Мечот беше решен уште во првото полувреме кога Бајерн поведе со 3:0. За одбележување на мечот е враќањето на репрезентативецот Марио Гомез на фудбалските терени по повеќемесечната пауза поради повреда. Гомез успеа да се запише во листата на стрелците точно 29 секунди откако влезе во игра кон средината на вториот дел.

Борусија Дортмунд победи на тешкото гостување кај Мајнц со 2:1 и се искачи на

второто место на табелата со девет бода заостанување зад Бајерн. И покрај освоените три бода, тренерот на Борусија, Јирген Клоп нема многу причини за радост, затоа што неговиот тим загуби важен играч, откако Гундоган се повреди за време на мечот. По вонредното коло неделава, веќе в сабота се игра мечот од досегашниот тек на сезонава, во кој Бајерн ја пречекува Борусија во Минхен.

Прва победа за Фортуна на домашен терен

Според пласманот на табелата, дерби на колото беше дуелот во Гелзенкирхен меѓу Шалке и Ајнтрахт. Дуелот меѓу второ и третопласираниот заврши со поделба на бодовите 1:1.

Интересно беше во Волфсбург каде истоимениот домаќин го пречека Вердер. Куриозитет на средбата беше тоа што ова беше прв натпревар за новиот менаџер на Волфсбург Клаус Алофс, кој до минатата недела беше на чело на Вердер. Мечот заврши нерешено 1:1.

Во колото кое го одбележаа реми натпревари, бодовите ги поделија уште и Гројтер Фирт- Нирнберг (0:0) и Аугсбург и Борусија Менхенгладбах (1:1).

Во петокот Фортуна во Диселдорф ја забележа првата победа на домашен терен во Бундеслигата од почетокот на сезоната. „Жртва“ беше бледиот тим на Хамбургер (2:0).

Во неделните мечеви, Фрајбург повторно изненади со добра игра и го совлада Штутгарт на домашен терен со 3:0. Со трите бода, тимот на Фрајбург сега се искачи на петтата позиција на табелата. Во Хофенхајм, Бајер Леверкузен забележа победа од 2:1.