1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Борусија и Шалке почнаа успешно

Стартот на новата 20-сезона на фудбалската Лига на шампиони за германските клубови беше успешен.

Борусија Дортмунд и Шалке 04 успешно ја почнаа новата сезона на фудбалската Лига на шампиони. Германскиот првак Борусија го победи Ајакс со 1:0, додека Шалке беше подобар од Олимпијакос Пиреј и победи со 2:1. Во групата Д, кадешто е Борусија, играа и Реал Мадрид и Манчестер Сити, при што победата од 3:2 ја однесе Реал. Во групата Б кадешто се натпреварува Шалке, се одигра и натпреварот меѓу Арсенал и Монпеље и заврши со резултат 2:1.

Во групата Ц шпанска Малага го победи Зенит со 3:0, а Милан освои само бод на свој терен против Андерлехт. Во групата А Пари Сен Жермен убедливо го совлада Динамо Киев со 4:1, додека Порто беше подобар од Динамо Загреб со 2:0.