1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Борусија и Шалке го минаа тестот, остануваат Бајерн и Бајер

Бајерн Минхен и Бајер Леверкузен вечерва ќе се обидат да го заокружат добриот настап на германските екипи во второто коло од Лигата на шампионите. Борусија (Д) и Шалке синоќа беа поуспешни од Марсеј и Базел.

Дербито на колото во фудбалската Лига на шампиони вечерва се игра во Манчестер каде Сити го пречекува актуелниот европски и германски првак, Бајерн Минхен. За „баварците“ ова ќе биде најтежок тест сезонава, иако пребогатиот тим на Манчестер сѐ уште не ја достигнал вистинската форма под раководство на новиот тренер Мануел Пелегрини. Сепак, истото може да се каже и за Бајерн. Тимот на Пеп Гвардиола победува, но засега не одушевува со својата игра. Обете екипи победија на првите мечеви во групата. Бајерн ја совлада ЦСКА Москва со 3:0, а Сити со истиот резултат беше поуспешен од Плзен. Овие две екипи се сретнаа во групната фаза на ЛШ и пред две години. Тогаш двата меча завршија со идентични 2:0 за домаќините.

Во Леверкузен, Бајер го пречекува шпанскиот Реал Сосиедад. За двата тима мечот може да биде од клучно значење во борбата за натамошен пласман, откако ги загубија воведните натпревари против Манчестер Јунајтед, односно Шахтјор. Во домашните првенства играат со различен успех. Бајер засега е единствен тим во Бундеслигата кој успева да им парира на големите фаворити Бајерн и Борусија, и се наоѓа на третото место. Сосиедад, пак, откако лани беше најпријатно изненадување во шпанската лига, сезонава игра во лоша форма и има само една победа на седум натпревари.

Fußball Champions League FC Basel FC Schalke 04

Протест на Гринпис на мечот Базел-Шалке

Во останатите групи играат Реал Мадрид - Копенхаген, Јувентус - Галатасарај, Пари Сен Жермен - Бенфика и Андерлехт - Олимпијакос.

На вчерашните мечеви, најубедливата победа ја забележа Челзи на гостувањето кај Стеауа од 4:0. Македонскиот репрезентативиец Даниел Георгиевски немаше ноќ за паметење, откако си постигна автогол.

Убедлива победа забележа и Борусија Дортмунд, која пред своите навивачи го совлада францускиот Марсеј со 3:0. Шалке ги обезбеди трите бода на гостувањето кај швајцарскиот Базел со извонредниот погодок на Јулијан Дракслер. Овој натпревар сепак го одбележа протестот на активистите на Гринпис кои предизвикаа прекин протестирајќи против главниот спонзор на Шалке, рускиот Газпром.

Забележителен настап немаше ниту капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев. Неговиот Наполи беше поразен на гостувањето во Лондон кај Арсенал со 2:0.