1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Борусија Дортмунд сезоната ја почна со победа

По 111 дена пауза стартуваше 50-та сезона на германската фудбалска Бундеслига. Првакот Борусија Дортмунд на почетокот го победи Вердер Бремен со два спрема еден.

Фудбалскиот првак од минатата сезона се чини непобедлив - тимот на Борусија Дортмунд синоќа (24.08) пред своите навивачи, во првото коло од новата сезона, ја совлада екипата на Вердер со 2:1 и со победа ја почна одбраната на титулата. Шампионот на Бундеслигата со тоа го одиграа 29-от натпревар по ред без пораз. „Милионерите“ поведоа преку Марко Ројс во 11. минута. Гостите на 1:1 изедначија преку Гебре Селасие во 75. минута, додека трите бодови на Борусија и‘ ги донесе Марио Геце на осум минути до крајот на натпреварот.

За Геце ова беше олеснување по повеќенеделната пауза поради повреда:

„По толку долго време да постигнам гол на овој стадион, за мене беше големо ослободување, прекрасно чувство“.

Денеска се играат натпреварите: Гројтер Фурт – Баерн, Аугсбург – Фортуна, Борусија Менхенгладбах – Хофенхајм, Хамбургер – Нирнберг, Фрајбург – Мајнц, Ајнтрахт – Баер Леверкузен и Штутгарт – Волфсбург. Последниот натпревар од колото се игра утре, а тоа дуелот Хановер – Шалке.