1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Борусија Дортмунд незапирливо граби кон титулата

Борусија (Д) ниже победи, Шалке и натаму не може да фати приклучок, а Бајерн се приближува кон врвот на табелата. Преглед на 14-то коло во германската фудбалска Бундеслига.

default

Шинџи Кагава повторно ја предводеше Борусија (Д) до победата

Борусија Дортмунд продолжува да реди победи и да го зголемува водството на чело на Бундеслигата. Во 12-та победа сезонава, жртва беше истоимениот тим од Менхенгладбах кој беше совладан со 4:1.

„Ние не сме ладнокрвни, туку едноставно знаеме дека мечот трае 90 минути“, изјави тренерот на Дортмунд Јирген Клоп, запрашан да го коментира почетното водство од 1:0 на гостите од Менхенгладбах. Неговиот тим сега има седум бода предност пред второпласираниот Мајнц и има добри шанси да ја освои есенската титула на три кола пред зимската пауза. Клоп, пак, вели дека насловот есенски првак воопшто не го интересира.

„Тоа е најнеинтересната титула во светот. Таа никого не го интересира.“

Fußball 1. Bundesliga 14. Spieltag 1. FC Kaiserslautern FC Schalke 04 Felix Magath

Феликс Магат е лут на своите играчи по поразот од Кајзерслаутерн

Од друга страна, многумина ги интересира што се случува со тимот на Шалке. По победата од 3:0 над Лион во Лигата на Шампионите, актуелниот вицепрвак забележа катастрофа од 5:0 на гостувањето кај Кајзерслаутерн.

„Многу сум лут. Освен Мануел Нојер, Кристоф Мецелдер и Џеферсон Фарфан не видов ниту еден друг кој го одигра натпреварот со вистински однос“, изјави тренерот на Шалке Феликс Магат.

Неговиот колега од Бајерн, Луис Ван Гал, пак, може да биде задоволен со серијата на баварците, по победата од 4:1 над Ајнтрахт Франкфурт.

„Среќен сум, дојдовме на само три бода од третото место на табелата“, рече Ван Гал. Со други зборови, Бајерн се искачи на петтото место на табелата.

Исклучувања за Марика и Алмеида

Продолжи црната серија и на Штутгарт. Тимот загуби на гостувањето кај Хамбургер со 4:2, а тема на мечот беше исклучувањето на напаѓачот Ципријан Марика, кој заработи црвен картон по само 15 минути поради навредување на главниот судија. Штутгарт немаше сили да се спротивстави со 10-мина на теренот и падна на претпоследното место на табелата.

Два црвени картони имаше и на натпреварот меѓу Вердер и Сенкт Паули, по еден за двата тима. Особено глупаво беше исклучувањето на напаѓачот на Вердер, Хуго Алмеида, кој ги постигна сите три гола за својот тим и потоа удри противнички играч со лакт. Тренерот Томас Шаф упати пофални зборови за целиот тим.

„Денеска направивме многу мали чекори, и се поддржувавме во различни ситуации. Противникот имаше добри шанси, но мислам дека мојот тим одигра добар натпревар“, оцени Шаф, чиј тим победи за првпат по седум натпревари.

Бајер прокоцка три бода, Новески стрелец за Мајнц

Бајер Леверкузен ја прокоцка победата во Хофенхајм во последните моменти. Бајер водеше со 2:0, но на крајот мораше да се задоволи со еден бод.

„За моите играчи и за мене е едно големо разочарување да го прифатиме овој резултат. Но, сепак, морам да кажам дека крајниот исход е добар“, изјави тренерот Јуп Хејнкес.

Nikolce Noveski im Eigentorpech

Николче Новески погоди за Мајнц

Бајер сега има 26 бода и се наоѓа на третото место на табелата. Напред, на втората позиција и натаму е Мајнц кој во петокот го совлада Нирнберг со убедливи 3:0. Стрелец на еден од головите беше и македонскиот репрезентативец Николче Новески.

Келн и Волфсбург во неделата одиграа уште еден здодевен натпревар и ги поделија бодовите, играјќи 1:1. Келн се искачи за едно место на табелата, но и натаму останува во зоната за испаѓање, додека Волфсбург падна на 13-то место.

За крај и камбекот на ова 14- то коло. Во победата на Хановер над Фрајбург од 3:0, гол постигна поранешниот германски репрезентативец Јан Шлаудраф. За него тоа беше прв погодок по пауза од 11 месеци.

Автор: Сара Фопел / Борис Георгиевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска