1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Борусија Дортмунд е полуфиналист во Купот

Фаворитот успеа. Борусија Дортмунд го победи Ајнтрахт Франкфурт во четвртфиналето на Германскиот куп. Резултатот е тесен. Ќе бидат ли толку неизвесни и останатите три натпревари?

Навивачите на Ајнтрахт во Франкфурт со задоволство го раскажуваат овој виц: во мај, во рок од само пет дена се играат финалните натпревари на Германскиот куп, Лигата Европа и двата бараж-натпревари за опстанок во Бундеслигата - како ли тимот сето тоа ќе го постигне?

Ајнтрахт Франкфурт сега има една грижа помалку. Нема да патува на финалето на Купот во Берлин. Тимот испадна во четвртфиналето, по поразот од Борусија Дортмунд со 0:1. Третиот на табелата одвај го победи дванаесеттиот на табелата. Капитенот на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел, оценува: „Победивме заслужено и имавме повеќе шанси за гол, иако во второто полувреме не игравме толку добро.“

Fußball DFB-Pokal Viertelfinale Eintracht Frankfurt - Borussia Dortmund

Решавачкиот гол беше постигнат на само неколку минути пред крајот на натпреварот

Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт Александер Мејер е разочаран: „Навивачите видоа дека прикажавме сѐ што можеме. На крајот сепак загубивме и тука нема што да се гледа позитивно.“

Решавачкиот гол беше постигнат во 83. минута од Пјер-Емерик Аубамејанг. Тимот на Дортмунд, кој беше победник во Купот во 2012 година, на натпреварот мораше да се откаже од многу стандардни играчи поради повреди - Ројс, Бендер, Блажиковски, Гиндоган, Хумелс. Тоа е една од причините за изедначената игра. Освен тоа, Ајнтрахт напаѓаше храбро и офанзивно и имаше добри шанси за гол, но не ги искористи.

Денеска (12.02) се играат преостанатите три натпреаври од четвртфиналето на Купот. Хофенхајм игра против Волфсбург, Бајер Леверкузен против Кајзерслаутерн, а Хамбургер го пречекува Бајерн.