1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Борусија во големото финале

Борусија Дортмунд го обезбеди пласманот во финалето на Лигата на Шампионите и покрај синоќешниот пораз од Реал Мадрид од 2:0. На пат кон Лондон, по се’ изгледа ќе се упати и тренерот на Реал, Жозе Мурињо

Екипата на Борусија Дортмунд е првиот финалист во Лигата на шампионите. Синоќа во Мадрид „милионерите“ загубија од „кралскиот клуб“ со 2:0, но со вкупни 4:3 изборија пласман на завршниот натпревар. Реал Мадрид головите ги постигна во самата завршница, а стрелци беа Карим Бензема во 83.минута и Серхио Рамос во 88.минута. Сепак ова не беше доволно за Реал Мадрид да се пласира во финалето.

Фудбалерите на Реал подобро го отворија мечот и имаа три добри шанси за постигнување водечки гол во првите 20 минути од мечот. Фудбалерите на Борусија потоа успеаја да го смират темпото и го контролираа мечот се‘ до финишот, промашувајќи притоа и неколку добри шанси за гол.

Тренерот на Реал, Жозе Мурињо по мечот упати честитки за успехот на Борусија, но за поразот го обвини англискиот судија Хауард Веб кој наводно превидел пенал за неговата екипа. Мурињо исто така ги засили шпекулациите дека на крајот на сезоната заминува од Реал, а старо-новата дестинација најверојатно ќе биде Лондон и екипата на Челзи.

UEFA Champions League Halbfinal-Rückspiel Real Madrid - Borussia Dortmund

Јирген Клоп

Во Лондон во секој случај ќе патува тимот на Борусија, иако според тренерот Јирген Клоп нема да биде фаворит во финалето без разлика на противникот.

„Сите на Вембли ќе видат дека ние нема да се задоволиме со самото влегување во финалето. Ние сакаме да го освоиме купот. Но, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Клоп.

Вечерва се игра второто полуфинале, на „Камп Ноу“ Барселона го пречекува Бајерн, а германската екипа има предност од 4:0 од приот натпревар.

Финалето е закажано за 25 мај на „Вембли“ во Лондон.