1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Борисов: Најдобро е сите земји од регионот да бидат членки на НАТО и на ЕУ

Барањето европско решение за проблемите е предуслов за европскиот пат на Скопје, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов во интервју за грчкиот весник „Етнос“.

Како што пренесува агенцијата БТА, бугарскиот премиер Бојко Борисов повторува дека Бугарија прва ја признала државата Македонија.

„Од страна на Бугарија тие секогаш го добивале најдоброто разбирање. Десетици илјади граѓани на земјата побараа бугарско државјанство и пасоши“, наведува Борисов.

Бугарскиот премиер за „Етнос“ потенцира дека Софија вложува големи напори да не коментира се‘ што прави владата во Скопје. „Владата во Скопје треба да ги реши проблемите на европски начин, за да може да добие наша поддршка“, истакнува Борисов.

Тој позитивно одговара на прашањето - дали тоа е услов за поддршка на Македонија од страна на Бугарија.

„Да. Природно. Истото важи и за Турција. Ако една држава ги исполнува критериумите за членство е добродојдена. Истото важи за Србија, за Босна и Херцеговина. Најдобро е сите земји од регионот да се членки на НАТО и на ЕУ“, нагласува Борисов.

Во коменаторот на „Етонс“ изјавата на Борисов се оценува како посебно важна за Грција и оти „земјата првпат нема да биде сама, а ќе има уште една земја сосед на Македонија, која стравува од националистичките претензии од скопската Влада“, јави БТА.