1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Борец за фигуративното сликарство

Нео Раух е еден од најпознатите и најпродавани живи германски уметници. Тој деновиве (18.04.2010) го прослави 50 роденден. По тој повод во Германија истовремено се отворени дури две негови ретроспективни изложби.

default

Нео Раух

Почетокот на неговиот живот не ветуваше многу. Имено само еден месец по неговото раѓање, Нео Раух ги загуби родителите во железничка несреќа, но сепак подоцна му успеа да одбележи едно цело движење на современото германско сликарство и да се пробие до речиси невидени размери првенствено на уметничката сцена и пазар во САД.

Раух заврши сликарска академија во Лајпциг во класата на познатиот германски уметник Арно Ринк, кај кого подоцна долга низа години работеше и како асистент. Почетокот на неговата кариера го одбележа групната изложба од 1986 под наслов „Млади Лајпцишки сликари“. На неа освен Раух изложуваа и многу други млади уметници, кои

Deutschland Kunst Neo Rauch in Leipzig

Раух пред неговото дело „Црвено изгрејсонце“

подоцна публиката и колекционерите, без оглед на противењето на самите уметници и на ликовните критичари, ќе ги наречат „Нова лајпцишка школа“. Тие ќе стекнат планетарна популарност и нивните дела ќе ги купуваат само оние најбогатите.

Сопственици на дела од Раух се и Бред Пит и Роберт де Ниро

По оваа следуваа многу други самостојни и групни изложби на Раух во Германија, но и многубројни помали изложби во САД. Најверојатно благодарение токму на изложбите во Њујорк, Нео Раух го „откри“ новинарката на „Њујорк Тајмс“, Роберта Смит, која пишуваше многу позитивни критики за неговата уметност. Набргу потоа неговите платна започнаа масовно да ги купуваат холивудските актери и режисери, но и многу други богати Американци. Најпознатото дело на Раух „Етап“, на пример, денес е во сопственост на Бред Пит.

По повод 50 роденден на Раух во Германија се отворени две ретроспективни изложби, во Пинотеката во Минхен и во Музејот на ликовни уметности во Лајпциг, што е практично единствен случај кога станува збор за жив сликар.

Deutschland Kunst Das Plateau von Neo Rauch in München Flash-Galerie

Вработените во Лајпцишкиот музеј ја поставуваат сликата на Раух „Плато“

Слики кои го водат гледачот до големи моменти на восхит

Ханс Вернер Шмит, директорот на Лајпцишкиот музеј, кој го познава Раух последниве десет години, смета дека популарноста на сликарот делумно се должи и на неговите традиционалистички корени: „Мислам дека Нео Раух е борец со слика и збор за фигуративното сликарство. Тој ги казнува сите лаги, кои секогаш одново од 50-те години наваму литургијски тврдеа дека сликарството е мртво“, вели Шмит.

Делата на Раух на почеток беа апстрактно-експресионистички, но во раните 90-ти тој почна да се концентрира на големи слики. Во 1996 година го разви стилот на надреалистички колажи, со кој се прослави. Раух за своите дела вели дека тие не се наменети да објаснуваат нешто посебно, туку да го одведат гледачот до големи моменти на восхит: „Мене разбирливо најдраг ми е гледачот кој не стои безусловно пред мојата слика и се обидува да ја сфати, туку оној кој го прифаќа тоа што според мене таа треба да биде: имено како еден густо исткаен концентрат на структури кои ги допираат чувствата. И кога потоа се гледа во неа подолго, можеби ќе се дојде и до некоја приказна во сликата,“ вели Раух.

Автор: СН/ТТ/дпа/дв

Редактор: Александра Трајковска