1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Борби околу Црвената џамија во Исламабад

*

Пакистанските безбедносни сили почнаа офанзива врз Црвената Џамија во центарот на пакистанскиот главен град Исламабад. Притоа дојде до жестоки борби меѓу милитантните Исламисти кои се сокрија во комплексото. Во меѓувреме безбедносните сили ја имаат под контрола околината околу џамијата, соопшти портпарол на армијата, но во подрумските простории се смета дека сеуште се наоѓаат вооружени исламисти меѓу нив и водачот Абдул Рашид Гази. При борбните според армиски извори убиени се околу 50 исламисти и осум војници. Во акцијата се ослободени околу 80 ученици на коранското училиште. Пред армијата да ја почне акцијата пропадна обидото за преговори за изнаоѓање мировно решение на конфликтот.