1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Борби на Кавказ

Во руската кавкаска република Кабардино-Балкарија, екстремистите денеска изутрина презедоа голем напад врз институции на владата и безбедносните сили во главниот град Налчик.

Пламени во Налчик

Пламени во Налчик

Кабардино – Балкарија се наоѓа во близина на кризната Чеченија каде што бунтовниците повеќе од една деценија се борат за независност од Русија.

Се започна денеска рано изутрина со нападите врз полициски станици, врз централата на тајната служба и врз зградата на министерсвото за внатрешни работи. Исто така, терористите се обидоа да го заземат аеродромот. Руските војници тоа го спречија, но напаѓачите сепак успеаја да се забарикадираат во една од зградите на министерството за внатрешни работи. Претставник на армијата напладне изјави дека ситуацијата во Налчик е главно под контрола што го потврди и државното обвинителство. Загуби има на обете страни: според официјални извештаи загинале повеќе од 60 лица. Претседателот на републиката Кабардино-Балкарија, Арсен Каноков соопшти дека се убиени 50 напаѓачи и 12 граѓани на Налчик. Претседателот Владимир Путин беше постојано информиран за текот на настаните. Тој им нареди на безбедносните сили да го опколат Наличк и да ги ликвидираат напаѓачите што се во бегство. Од Кремљ се тврди дека нема причини за загиженост и оти операцијата минува успешно. Одговорноста за нападот веќе ја презедоа чеченските бунтовници.

Вкупно 150 терористи поделени во групи по десет ги започнале нападите во раните утрински часови. Првите извештаи за заземањето на едно училиште и за заложници во Налчик не се потврдени. Претставник на градската управа изјави дека вестите за напад врз училиштето биле некоректни. Како што нагласи, наставата била продолжена. Всушност, борбите се одвивале во близината на училиштето и една детска градинка кои веднаш биле евакуирани.

Инаку, вчеравечер безбедносните сили уапсија повеќе сомнителни лица, па се тврди дека нивните соборци се обиделе на овој начин да ги ослободат. Затоа било стрелано и врз затворот во Налчик.

Во меѓувреме е затворена границата кон соседната република Ингушија, подеднакво како и аеродромот во Налчик.