1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Борби во Либан

Во новите борби со радикалните Палестинци во бегалскиот логор Нахр ел Баред загинале тројца либански војници.Либанската армија уништила важен пункт на радикаланата палестинска група Фатах ел Салам,се вели во либанските безбедносни кругови. Меѓу палестинските борци имало голем број жртви.Претставник на Палестинската организација за ослободување во Либан за арапската телевизија Ел Џазира изјави дека ситуацијата во Нахр ел Баред е очајна,насекаде по улиците лежат мртви тела.Според ОН во логорот има околу пет илјади луѓе, кои со недели се опколени од либанската армија.