1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Борби во Ирак меѓу терористички групи и ирачките сили

Борци, кои се претпоставува дека и припаѓаат на терористичката група Ал Каеда, јужно од Багдад одзеле две оклопни возила на ирачките сили за безбедност. Со нив тие нападнале база на сунитските милиции,кои соработуваат со САД.Во борбата според полицијата загинале најмалку 18 луѓе,а во неа биле вклучени и американски хеликоптери и воени авиони.

Ноќеска пак врз Зелената зона во Багдад,каде се наоѓаат американската амбасада и седиштето на ирачката влада, биле истрелани повеќе минофрлачки гранати,при што има ранети,но нема загинати.Нападот бил со цел да се попречи славењето на американскиот национален празник во американските институции во Ирак.