1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Борба против огнената стихија во Грција

Бројот на жртвите во пожарите на столетието во Грција се искачи на 63. Во борбата против огнот, грчките пожарникари добиваат се повеќе помош од странство.

default

Пожарите во Грција не стивнуваат

На повикот за помош од грчката влада покрај Германија одговорија уште десетици земји. Според портпарол на против пожарната заштита на Грција, во последните 24 часа избувнале 89 нови пожари, меѓу нив и еден кој му се заканува на едно предградие на Атина. 28 од нив се означени како особено опасни.

Инаку големи подрачја од земјата веќе четврти ден се во пламен. Илјадници луѓе мораа и изминатата ноќ да ја поминат во привремени сместувалишта. Нивните куќи или изгореле или тие морале да бидат евакуирани од селата.

Грчката владата којашто деновиве е критикувана за лошо менаџирање на кризата, е во потрага по подметнувачите на пожарите. Понудени се високи суми – еден милион евра - за секој кој ќе понуди информација што ќе води до пироманите. Веќе се уапсени поголем број лица. Локалните власти во погодените подрачје веќе обвинуваат градежната мафија има вмешано прсти во инцидентот. Правосудството пак во меѓувреме ја разгледува можноста дали подметнувањето на пожари може да се означи како терористички акт.

Истовремено грчкиот премиер Костас Караманлис апелираше до сите Грци да помогнат во борбата за гаснење на пожарите. Неговиот избор на зборови јасно отсликува колку е сериозна ситуацијата: - Татковината ни припаѓа на сите нам. Татковината им припаѓа и на идните генерации. Наша обврска е да ја заштитиме, без да мислиме само на себе, рече Караманлис.

Грчката влада прогласи и тридневна жалост за жртвите од огнената стихија.

Лошата вест е дека метереолозите не предвидуваат неделава да падне дожд во Грција. Остануваат високите температури.