1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Борба за секој метар во Алепо

Борбите во економската метропола Алепо продолжуваат. Црвениот крст успеа да достави храна и лекови во градот. Во Њујорк пак се бара нов специјален пратеник за Сирија.

Сириските владини трупи, според дописнички информации, отвориле жесток оган во некои населби на економската метропола Алепо. Бунтовниците наведуваат дека по силните артилериски и воздушни напади предале неколку улици и се повлекле од населбата Салахедин. Се’ повеќе луѓе бегаат од градот. Црвениот крст, за првпат по повеќе недели, успеа да достави храна и лекови во Алепо.

brahimi, lakhdar, algerier, un

Лакдар Брахими

Во меѓувреме во Њујорк дипломатите работат на именување нов специјален пратеник за Сирија на ОН и Арапската лига за да и се стави крај на граѓанската војна во земјата. Таа улога  би можело да ја преземе поранешниот алжирски министер за надворешни работи Лакдар Брахими. Според дипломатите на ОН, 78 годишниот Брахими е најизгледниот кандидат за наследник на Кофи Анан. Како други кандидати се споменуваат поранешниот генерален секретар на НАТО Хавиер Солана и поранешниот шпански министер за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос. Досегашниот специјален пратеник Анан минатата недела поднесе оставка откако пропадна неговата иницијатива за Сирија.