1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Борба за превласт во Турција

Во Турција и натаму се заострува конфликтот меѓу секуларните сили и религиозно конзервативната АКП. Уставниот суд едногласно го усвои барањето за почнување процес за забрана на владејачката партија.

default

Уставниот суд во Анкара

Пред три месеци едно евро во Турција чинеше околу лира и седумдесет, денеска за едно евро се плаќа две лири и десет. Брзиот пад на турската валута ја отсликува внатре -политичката криза во земјата.

Владејачката партија конфронирана со барање за нејзина забрана

Веќе со недели се води борба меѓу старите кемалисти, кои стрикно се секуларни и симпатизерите на религиозно - конзервативната владејачка партија АКП на премиерот Реџеп Таип Ердоан. Врвот на меѓусебните недоразбирања го достигна вчера, кога уставниот суд ја донесе одлуката да се почне судска постапка за забрана на АКП. Иако во Турција досега имало случаи на забрана на партии, ова е првпат, и покрај позитивниот исход на предвремените избори, една владејачка партија да биде конфронтирана со барање за забрана.

Имено религиозните побуди се сметаат за закана за достигнувањата на основачот на државата Ататурк и се подвлекува дека земјата требало да биде „лаицистичка“ . Но за лаицизам, како на пример во Франција во Турција не може да стане збор. Имено религијата не е одделена од државата туку од неа контролирана. Службата за религиозни прашања и подлежи на владата. Во целата оваа ситуација станува збор за нешто друго, сметаат повеќето либераални коментатори: Старата политичка елита изгуби од своето влијание, но сеуште се држи до своите привилеги.

Некогашниот реформатор во бледо светло

Türkei Verfassungsgericht in Ankara Verbotsantrag gegen Erdogan Partei AKP

Премиерот Ердоан

Ердоан навситина им олеснува на своите противници, имено во последно време тој премногу се концентрираше на помалку релевантни теми. Додека за време на неговиот прв мандат успеа да спроведе повеќе демократски реформи и голем број нерелегиозни и либерални избирачи да приврзе кон себе, во меѓувреме овој реформатор стана бледа слика.

Наместо злогласниот параграф 301, според кој навредата на турската нација и култура е казниво дело, според очекувањата да се укине, да се зајакне нерелигиозното малцинство и да се продолжи со работата на ветениот нов устав, Ердоан се посвети на чувствителната тема - шамијата. Ја укина забраната за носење шамија на универзитети и со тоа ги изриритира не само нерелегиозните избирачи туку на кемалистите в рака им даде уште еден повод за напад.

Апел до владата и опозицијата

Постојаното подуцнување меѓу старите кемалисти и новите религиозни властодржци мора да ги плади цела Турција. Не само што вредноста на лирата е во слободен пад туку се зголемува и невработеноста, опаѓа економскиот пораст.

Не е ни чудо што Мурак Јеткин од лево - либералниот дневен весник Радикал својот коментар го звршува со апел до владата и опозицијата „Има илјадници патишта што водат до дијалог. Не мора безуловно да се спротивставуваме на се’ за да се стигне до разговори. Не мора тоа да се случи ниту јавно. Но еден пат има сигурно, за нацијата подоцна да не се кае, овој пат мора да биде најден.“