1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Борба за памук

Сеидбата на памук годинава би требало да се исплати, зашто цената на памукот на светскиот пазар никогаш не била толку висока како сега. Високите цени и‘ создаваат главоболки на германската текстилна индустрија.

default

Памукот е изгор скап

Во Германија се произведува главно висококвалитетен текстил, додека во Азија и Кина памукот се користи пред се‘ за едноставни текстилни производи. Борбата за памук во светот е во тек. Веќе сега мора да се нарача памук за 2012 година. Средните претпријатија прогнозираат дека цените на текстилните производи ќе се зголемат. Во фирмата „Карл Ото Браун“, која произведува еластични завои, работат 750 работници. Таа годишно троши околу две илјади тони памук и со тоа е еден од најголемите преработувачи на памук во Германија.

Треба да се биде брз

Магацините на фирмата „Браун“ се се‘ уште полни, но залихите на памук во светот се мали:

Baumwollpflanzen

Денес килограм памук чини 3,4 евра

За раководителот на фирмата Вернер Браун, порано цената на памукот играше мала улога, но во последните месеци таа е драматично зголемена: „Денес килограм памук чини 3,4 евра, односно е трипати поголема од порано.“

Вернер Браун годишно мора да планира 5 милиони евра повеќе издатоци поради зголемената цена на памукот. За машините да работат и наредната година, Браун уште сега мора да нарача памук. Ако тоа не го стори и ако претприемачите од Азија бидат побрзи, пазарот ќе се испразни. Вернер Браун, по традиција, нарачува памук од Бремен. Трговците во овој пристанишен град сметаат дека за високите цени и малата понуда се виновни државните субвенции за американските производители на памук. На тој начин, многумина селани во сиромашните региони во светот се истиснати од пазарот:

Шансата е во Африка

Фирмата „Браун“ не смета дека цените на памукот во догледно време, краткорочно, ќе се намалат. За пазарот да

BdT Baumwollbörse Bremen

На берзата за памук во Бремен

се растовари треба да се сади повеќе памук. Вернер Браун шансата ја гледа во Африка и се надева дека таму повеќе ќе се сади памук. Така африканските земји би можеле да си го вратат уделот на светскиот пазар.

„Сметам дека во наредната сезона, значи во 2012 година, односно 2013, повторно ќе можеме да сметаме со поголеми количества памук од Африка.“

За да излезе на крај со високите цени на суровините, Вернер Браун засега мора да ги продава своите производи за околу 12% поскапо.

Автор: Карл Харенброк / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска