1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Борба за Ерусалим

Изградбата на еврејските населби на Западниот брег е една од најголемите пречки за мир на Блискиот Исток. Актуелните градежни проекти во Источен Еруселим предизвикуваат масовна критика за израелската влада.

default

Израелски населби во Источен Ерусалим

Речиси половина милион еврејски доселеници живеат во палестинските области, во окупираниот Западен брег и во источен Ерусалим. Ако се праша израелската влада, тогаш повеќето од нив таму и ќе останат, оти Израел и во случај да биде постигнат мир со Палестинците има намера да ги зачува населбите. Под притисок на американската влада, премиерот Бенјамин Нетанјаху минатиот ноември нареди десетмесечен прекин на изградбата на населбите. Исклучок е Ерусалим, оти Израел го бара целиот град да биде главен град и сака да спречи Палестинците источниот дел од Ерусалим да го претворат во главен град на нивната идна држава.

Уште пред да отпатува за САД, премиерот Бенјамин Нетанјаху јасно кажа дека Израел и натаму ќе гради еврејски квартови во источен Ерусалим. „Нашата политика е иста како на сите израелски влади во последните 42 години. Од наш агол градењето во Ерусалим е исто како и градењето во Тел Авив.“

Flash-Galerie Jerusalem Karte

Карта од Ерусалим

Во источните квартови на Ерусалим жителите Палестинци се‘ повеќе се притеснуваат и измачуваат, вели германскиот научник Хелга Баумгартен, која предава на универзитетот Бирцајт во Рамала и живее во источен Ерусалим: „Цели делови од градот, сега тоа е ново, во моментов вистински се чистат од Палестинците. Ситуацијата во Ерусалим е премногу затегната. Мислам, она што моментално се случува е спроведување на слоганот ’Ерусалим, вечно неделивиот главен град на еврејската држава’. Во овој модел нема повеќе место за Палестинците, кои би биле граѓани на Ерусалим.“

Палестинците реагираат огорчено на политиката на доселување, која напредува. Западниот брег во меѓувреме е толку расцепкан, што речиси е невозможно форимирање на способна држава, покрај Израел, вели палестинскиот политиколог Нур Машала: „Како може да се има палестинска држава, расцепкана и на околу пет проценти од земјата? Израелците систематски го поткопуваат решението на две држави.“

Израел ја бара целата земја од Средоземното море до Јордан, вели Машала кој потекнува од Галија, а во меѓувреме предава во Лондон. Решението на две држави е илузија. Тоа според него денес речиси и да е невозможно поради политиката на доселување, која се практикува повеќе од 40 години.

Автор: Бетина Маркс/Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска