1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Борбата против сидата „најголем предизвик за нашата генерација“

Во борбата против сидата меѓународната заедница постигна согласност до 2010 година за трипати да се зголеми процесот на разјаснување, превенцијата и третманот на ХИВ инфекцијата.

Дискусија за сидата во Генералното собрание на ОН

Дискусија за сидата во Генералното собрание на ОН

Меѓународната заедница во наредните пет години би употребила од 20 до 23 милијарди долари односно меѓу 16 и 18 милијарди евра, со што вирусот би се ставил под контрола. Ова ветување е дел од политичката изјава, која земјите членки на ОН сакаа да ја усвојата на крајот на тридневната конференција за сидата во Њујорк.

Од вирусот на сидата откако беше откриен пред 25 години заболеле повеќе од 65 милиони луѓе. Генерланиот секретар на ОН Кофи Анан, во својот вчерашен говор пред генералното собрание на ОН сидата ја означи јако најголемиот предизвик за „нашата генерација“„Пријатели, знаеме што треба да се направи против оваа епидемија. Треба да се побара од секој претседател, секој премиер, секој парламентрец и политичар да одлучи и да декларира, сидата запира со мене, сидата запира со мене.“ порача генерланиот секретар на ОН Кофи Анан во рамките на конференцијата за сидата која се оддржа во Њујорк.