1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Борбата за власт во Египет продолжува

Борбата за власт во Египет продолжува и по првата етапа на референдумот за новиот устав на земјата. Опозицијата обвинува за фалсификати на референдумот и повикува на нови протести.

Според неофицијалните резултати, при гласањето во околу половината од провинциите, од исламистите формулираниот предлог освоил мнозинство. Во главниот град Каиро документот меѓутоа не е прифатен. Опозицијата обвини за постоење неправилности при изјаснувањето. Таа бара повторување на гласањето. За во вторник (18.12) опозициониот сојуз Национален фронт повика на демонстрации низ целата држава. Втората рунда на народниот референдум за уставот ќе биде одржана во сабота (22.12), а официјалните резултати ќе

Wahl Ägypten Dezember 2012

Втората рунда на референдумот ќе биде одржана во сабота (22.12)

бидат објавени дури потоа.

Германскиот министер за развој Дирк Небел изрази загриженост од развојот на настаните во Египет. Постои стравување дека земјата под водство на претседателот Мохамед Мурси и Муслиманските браќа ќе прерасне во диктатура, изјави Нибел за „Берлинер цајтунг“. Германија ги ограничи контактите со Египет. Одложен е и планираниот отпис на долговите до 240 милиони евра. Но, доколку Египет продолжи да се развива кон демократија и правна држава, Германија ќе го поддржува, изјави Нибел.