1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Бонсаи„ банки во Германија

Се нарекува мега – дил: британската Баркли банка стави на маса, во форма на акции, 67 милијради евра за да ја преземе најголемата холандска банка АБН Амро. Заедно ќе станат број два во Европа и број пет во светот, ако акционерите на АБН во четврток дадат согласност. Експертите во оваа зделка гледаат почеток на нови преземања.

default

Седиштето на банката ќе биде во Амстердам под името Баркли ПЛЦ и ќе има вкупно 47 милиони клиенти. Ќе бидат скусени 12 илјади и 800 работни места од вкупно 217 илјади, други 10 илјади ќе бидат преместени. Од ова се смета на заштеди од 3 ипол милијарди евра. Двајцата врвни менаџери на Баркли, шефот на концернот Џон Верли и пртеседателот Боб Дајамнод ќе ги задржат нивните позиции. Дајамонд за зделката вели:

„Дилот бараше исклучително многу работа од обете страни. Знаеме дека во медиумите и на други места сето ова предизвика извесна драма. Меѓутоа, искрено, на тоа не потрошивме ниту една секунда во последниве четири-пет недели и не помислувавме на тоа. Единственото важно беше да го туркаме напред овој дил за да стигнеме до спогодба, мислевме на клиентите и на тимот вработени, на можноста да растеме и да продолжиме да инвестираме во бизнисот„.

Германските банки во оваа игра се само публика и им се заканува и самите да станат цел на преземања. Тоа пак, е поврзано со единствената структура на банките во Германија. Таа се потпира врз три столба: приватни деловни банки, јавно-правни штедилници и нардни банки. Зошто германските банки имаат големина на бонсаи?

Помалите банки најчесто велат дека големината не е се’ во тој бизнис. Така мислат во народните банки и во штедилниците. Обете групи се големи, имаат голем удел во пазарот, па за приватните деловни банки останува само една петина. Од тие причини штедлиниицте не се возбудени од преземањето на холандската АБН Амро од страна на Баркли банката. Карл Хајнц Бос:

„Десетте најголеми банки во светот имаат силно изразен регионален карактер. Од тоа не се откажуваат зашто точно знаат дека им е потребена силна регионална основа за да го задржат бројот клиенти што за нив е особено важно. Клинетот е секогаш важен. А, тоа, мислам, во моментов е силата на нашите банки кои во економија каква што е германската одлично се вклопуваат„.

На ова тешко може да му се спротивстави. Зашто германското стопанство главно е организирано така што 99 проценти им припаѓаат на малите и средните фирми. Но, бројките укажуваат на уште еден факт: големите фирми, иако претставуваат само еден процент од сите фирми во земјата, произведуваат повеќе од половината од вкупното производство и плаќаат повеќе од половината од вкупниот данок. Мали бројки, големо значење, но за нивните потреби услужните дејности на германските банки веќе не се доволни. Во Германија странските банки ги потиснуваат домашните. Само три германски банки се наоѓаат меѓу десетте водечки институти на пазарот за големи кредити. Кога Е.Он сакаше да ја купи шпанска Едеса, кога Баер го презеде Шеринг, а МАН конкурираше кај Сканија, никаде на повидок немаше германска банка што би се вклучила во зделките. Дитер Хајн од „Ферорисрч„:

„Тоа тренд што го забележуваме веќе 20 години. Три германски банки пред околу 20 години, беа меѓу првите десет во Европа, но беа одлично застапени и во светот. Во меѓувреме исчезнаа во безначајност. Дури и Дојче банк е средно голема банка во Европа. Во моментов се’ укажува на тоа дека германските банки не можат да направат нешто повеќе. Едноставно, во последните десет години го пропуштија возот„.

Меѓу 30-те најголеми банки во светот веќе нема ниту една германска, иако Германија е третата најмоќна економија во светот.