1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бомба во црква во Нигерија

Во експлозија на бомба, во една црква во близна на нигерискиот главен град Абуџа, загинаа повеќе лица. Бомбата експлодирала додека верниците се собирале на Божиќна миса.

default

Во католичката црква „Света Тереза“ во близина на Абуџа, во времето на експлозијата имало голем број луѓе. Претставник на нигериските власти изјави дека немало доволно возила за да бидат пренесени загинатите и повредените. Бројот на жртвите се‘ уште не е конечно утврден. Болнички извори јавуваат за најмалку 15 загинати.

Засега никој нема преземено одговорност за нападот. Се претпоставува дека извршителите доаѓаат од исламистички кругови. Во серија напади на исламистичката групација Боко Харам, во изминатите денови во Нигерија загинаа околу сто лица. На Боко Харам и‘ се припишуваат врски со терорстичката мрежа Ал Каеда. Групата се бори за создавање исламска држава на северот на Нигерија. Нејзиното име значи „западното учење е грев“.

Автор: ЕМФ/епд/афп

Редактор: Симе Недевски