1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бомбаш самоубиец ја срамни со земја мисијата на ОН во Нигерија

Во бомбашки напад врз мисијата на ОН во Абуџа, десетици луѓе загинаа или се повредени. Никој досега не ја презема одговорноста за нападот.

default

Уништената зграда на ОН во Абуџа

Голема експлозција го потресе денеска (26.08) седиштето на ОН во престолнината на Нигерија, Абуџа. Едно крило на зградата е срамнето со земја, најмалку 16 лица ги загубија животите, а повеќе од 60 се ранети. Болнички извори велат дека спасувачите се‘ уште вадат тела на загинати, па се претпоставува дека бројот на жртвите може драматично да порасне. Според првичните информации, бомбаш самоубиец со автомобил успеал да ги пробие двете сигурносни рампи на обезбедувањето на зградата, пред да се забие во неа и да го активира експлозивот.

„Видов распарчени тела... Многу луѓе загинаа“, изјави еден работник на УНИЦЕФ и додаде дека изгледало како експлозијата да се случила во подрумот и ја разнишала зградата.

Anschlag auf ein UN Büro in Abuja Nigeria

Во зградата вообичаено работат околу 400 службеници на ОН во Нигерија. Портпаролот на ОН во земјата одби да го коментира случајот. Портпаролка на ОН во Женева изјави дека мисијата на светската организација во Абуџа била бомбардирана, но дека нема податоци за жртви.

Зградата на мисијата на ОН се наоѓа во дел од градот во кој се сместени и други дипломатски мисии, а на зградата е видлива огромна дупка. Портпарол на нигериската полицијата потврди дека се случила експлозија, но рече дека истрагата е во тек.

Никој засега не ја презеде одговорноста за нападот, но богатата со нафта Нигерија, веќе подолг период се соочува со разни терористички закани. Сомневањата се дека зад нападот стои исламистичката група Боко Харам.

Автор: БГ/ап/афп

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска