1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бомбаш самоубиец ја засени инаугурацијата на јеменскиот претседател

Ал Каеда ја презеде одговорноста за автомобилот-бомба што експлодира денеска (25.02) на југот од Јемен. Во нападот загинаа најмалку 26 лица, а десетици други се повредени.

Автомобилот бил управуван во насока на претседателската палата во градот Мукала, во провинцијата Хадрамут. Неколку часови претходно, должноста претседател на Јемен ја презеде Абд-Рабу Мансур Хади, но во канцеларијата во главниот град Сана.

Бомбашот самоубиец успеа да го засени стапувањето на функција на новиот претседател, кој доаѓа на власт по 33 години. Во нападот беа убиени 26 припадници на елитните трупи. Автомобилот експлодирал пред влезот на претседателската палата. А, новиот претседател вети продолжување на битката со Ал Каеда.

„Патриотска и религиозна обврска е да се продолжи битката против Ал Каеда. Ако не ја обновиме безбедноста, тогаш единствениот исход ќе биде хаос“, рече Абд-Рабу Мансур Хади.

Тој со денешната заклетва пред парламентот го заменува Али Абдула Салех, кој замина од позицијата претседател на Јемен по 33 години, откако земјата за зафатија политички немири. Хади беше заменик-претседател на Салех и на позицијата дојде по спроведените избори во земјата.

Во говорот пред парламентот тој порача дека Јемен мора да подвлече линија под годината исполнета со протести и насилство и да го сврти вниманието на економските проблеми и враќање на раселените во нивните домови, кои заминале од огништата поради кризата во земјата.

Автор: Александар Методијев /ројтерс/ап

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска