1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бомбашот-самоубиец во Анкара дошол од Германија?

Самоубиствениот бомбашки напад врз американската амбасада во Анкара го извел Турчин кој наводно илегално допатувал од Германија, јавуваат турските медиуми.

Напаѓачот кој во петокот се разнесе себеси во Анкара со фалсификуван пасош дошол во Турција преку грчките острови. Одговорноста за нападот ја презеде екстремната левичарска организација Револуционерна партија-фронт за народно ослободување (ДХКП-Ц) во соопштение објавено преку интернет.

Во нападот во петокот покрај атентаторот загина и еден турски државјанин кој работел како чувар во америкснакото дипломатско претставништво. Турските власти по досешната истражна постапка го идентификуваа напаѓачот како Еџевит Шанли. Тој бил член на забранетата ДХКП-Ц, која во Европската унија и во САД се наоѓа на листата на терористички организации. Турската полиција денеска инаку уапси три лица осомничени за поврзаност со нападот врз американската амбасада. Притоа не беа објавени детали за идентитетот на уапсените и за природата на поврзаноста со нападот врз американското дипломатско претставништво.

Турските медиуми соопштија дека Еџевит Шанли бил во затвор од 1997 до 2002 година, поради напади врз полициска станица во Истанбул и врз воениот комплекс Харбија. Тој бил ослободен од затвор условно.