1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Бомбашки напад во Могадишу

*

Најмалку четворица сомалиски полицајци загинале во напад на исламистите во главниот град Могадишу. Според очевидци, експлозивната направа експлодирала во непосредна близина на возилото на полицијата. Организациите за заштита на човековите права во меѓувреме ги обвинија спротивставените страни во земјата за сторени воени злосторства. Хјуман Рајтс Воч соопшти дека силите лојални на Сомалиско Етиопската Алијанса и исламистичките екстремисти се одговорни за страдањата на цивилното население.