1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бомбашки напад во Каиро

Пред главното седиште на полицијата во Каиро експлодирала автомобил-бомба. Медиумите јавуваат и за престрелки во близината, а има најмалку четворица убиени луѓе.

Најмалку четири лица загинаа и над 40 се повредени во напад со автомобил-бомба врз главниот штаб на полицијата во центарот на Каиро.

Експлозијата предизвикана денеска (24.01) ја урнала речиси целосно фасадата на зградата. На местото на експлозијата има кратер со длабочина од шест метри. По експлозијата била регистрирана и престрелка во неколку места во градот, јави државната телевизија.

Нападот е извршен пред утрешната годишнина од востанието што доведе до симнување од власт на претседателот Хосни Мубарак во 2011. година.

Муслиманско братство најави денеска дека по молитвата ќе организира масовни протести во целата држава. Исламистичката организација победи на првите слободни избори по падот на Мубарак. Но војската го собори претседателот Мохамед Мурси, во јули минатата година. Оттогаш постојано доаѓа до насилни судири при демонстрациите на приврзениците на Муслиманското братство, а чести се и напади врз полицајци и припадници на безбедносните сили.