1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бомбашки напад во Ерусалим

Едно лица загина, а најмалку триесетина се повредени, во експлозија на автобус во Ерусалим. Израелската полиција ги обвини палестинските милитанти за нападот.

default

„Бомбата била поставена во куфер, оставен во телефонска говорница во близина на автобуската станица“, соопшти денеска израелскиот министер за внатрешна безбедност, Јитзак Ахаронович, додавајќи дека експлозивната направа била тешка околу еден до два килограма. Експлозијата предизвикала штети на возилата и зградите стотина метри од инцидентот.

Местото на инцидентот е блокирано и се бараат можните сторители. Ахаронович истакна дека до властите претходно не стигнало никакво предупредување за нападот. Градоначалникот на Ерусалим, Ник Баркат, пак, нагласи дека нема да им дозволи на терористите да го уништат градското секојдневие.

Иако засега ниту една група не ја презела одговорноста за нападот, израелската полиција претпоставува дека зад него стојат милитантите од Појасот Газа. Тие се заканија со одмазда, по серијата напади од израелската армија врз Појасот, во обид да ги спречи ракетните напади од областа, контролирана од исламистичкото движење Хамас.

Israel Bombe in Jerusalem

Денешниот напад е прв по три години во Израел, а во главниот град Ерусалим е мирно во изминатите две години.

Како последица на атентатот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја одложи посетата на Москва, каде треба да се сретне со рускиот претседател Дмитри Медведев и премиерот Владимир Путин.

Автор: ТТ/БГ/дпа, ројтерс

Редактор: Борис Георгиевски