1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бомбашите од Бостон планирале напад за 4. јули

Осомничените атентатори на маратонот во Бостон првично планирале нападите да ги изведат на американскиот национален празник. Но, бидејќи бомбите биле порано готови, тие порано нападнале - информираат истражните органи.

Осомничениот Џохар Царнајев на правосудните органи им изјавил дека донесле одлука порано да го извршат нападот, информираат американските медиуми. Двете бомби експлодираа на 15. април на целната линија на маратонот во Бостон - три лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени. На тој ден во американската сојузна држава Масачусец се прославува т.н. Ден на благодарноста, кој потсетува на американската војна за независност.

Во меѓувреме властите најавија дека ја завршиле постапката на обдукција на телото на вториот осомничен, постариот брат Тамерлан Царнајев. Неколку денови по нападот тој беше застрелан од страна на полицијата, која ги гонеше двајцата браќа во близина на Бостон - неговиот помлад брат Џохар успеа да побегне тешко повреден, но подоцна беше уапсен.

Во средата поради сомнение за поврзаност со атентатот беа уапсени уште три лица. Тие се сомничат дека отстраниле траги на атентаторите за помладиот од браќата Царнајеви да не се соочи со проблеми или дека дале лажни изјави. Двајца од приведените се со потекло од Казахстан, а едниот имал американско државјанство.

Џохар Царнајев уште пред повеќе месеци на пријатели им соопштил дека знае како се прават бомби. Заедно со брат му упатство за тоа нашле во магазин објавен од терористичката мрежа Ал-Каеда, информираат американските медиуми, повикувајќи се на судски документи.