1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Болтон се извлече во Скопје

Германците конечно можат да се радуваат на победа во настапите во Европа, по вчерашните триумфи на Баерн Минхен и Баер Леверкузен во купот на УЕФА. Работнички Кометал, ремизираше против Болтон

default

Стрелец на единствениот гол во Минхен, Лука Тони

Баерн Минхен се изнапромаши во вчерашниот натпревар против португалскиот Белененсес, кој го доби минимално со 1:0. Стрелец на голот во 34 минута беше италијанецот Лука Тони. Баварците во преостанатиот дел од натпреварот не успеа да го скршат отпорот на противникот кој главно се бранеше. Тренерот Отмар Хицфелд по натпреварот изјави:

“ Се разбира дека сум разочаран од резултатот. Вечерва направивме многу шанси, но противникот се бранеше и тоа многу добро и се обидуваше да нападне само преку контри. Сепак мислам дека обезбедивме добра стартна позиција, добро напредувавме и мислам дека противникот ќе треба да направи малку повеќе. Мислам дека имаме многу добри шанси за натамошен пласман“

Солидна предност за реваншот по две недели обезбеди Баер Леверкузен кој со 3:1 славеше во дуелот против Униао Леирија. Тешка задача во реваншот ќе има Нирнберг кој дома одигра без голови против Рапид од Букурешт.

Пред голем предизвик е и македонскиот претставник Работнички, кој вчера во Скопје одигра 1:1 во дуелот против премиерлигашот Болтон. Вистинска штета е што романтичарите на реваншот патуваат со реми. Во 53 минута поведоа со голот на Немања Милисављевиќ, имаа повеќе од играта, се до 81 минута, кога Мејте по една подарена топка во шеснаесетникот на домаќинот успеа да постигне гол и да го извлече својот тим од пораз.