1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Болнички бенд како лек

Во болница во Нидеррајн, Германија, лекарите и другиот персонал не лекуваат само со медицинска опрема и инструменти, туку и со музика. Болничкиот бенд е популарен како кај вработените во клиниката, така и кај пациентите.

Хилал Јахја всушност е шеф на одделот за неврохирургија. Но во секоја слободна минута е страствен гитарист.

„Идејата се разбира беше откачена. Се гледаше кој воопшто свири нешто, кој може исправно да држи некој инструмент во болницава, или пак, кој е школуван концертен музичар. И така настана овој бенд. Веќе самото тоа беше кул“, вели доктор Јахја од Јоханитерската клиника Нидеррајн.

Во меѓувреме тие веќе свират сосема професионално. 13-те членови, од шефот на одделот до медицинските сестри за операции, вежбаат во подрумот на клиниката, навечер или кога се подготвени за тоа. Тоа трае се’ додека не заѕвони телефонот.

„Тогаш вежбањето за мене е завршено. А тоа значи да се напушти просторот за проби, да се донесат одлуки, да се погледаат снимки и во краен случај да се оперира. А тоа значи дека нема вежбање“.

Наутро многу работи се случуваат во клиниката Нидерајн, како визити на неврохирурзите. Нормално тогаш се разговора и за хобито на персоналот. Особено кога музикалните медицинари ги очекува настап. Тогаш расте и интересот кај пациентите. Пациентката Ангелика Малнер, вели:

„Да, еднаш ги гледав и веднаш се воодушевив. Многу убаво. Одлично!“

Во меѓувреме болничкиот бенд постои повеќе од 5 години. Но нивниот успех не дојде случајно. Редовно вежбаат. Тоа за пациентите и медицинскиот персонал е добредојдена промена во секојдневието во клиниката.

„Да, тоа е добра разонода. Особено кога директно ќе се дојде овде по операција за опуштање и за одморање на душата“, вели вработена во клиниката, а нејзин колега додава: „Вистински да се одмори душата, вистински.“

Трет вработен оценува: „Како техничар речиси и да немам контакт со други одделенија. И велам дека дружењето со различни одделенија, со кои инаку немаш никаква врска, стана подобро.“

„Сите говорат за бендот, се’ едно дали жената на касата во кафетеријата, шефот на оддел или пак директорот, или пак, чистачката од ходникот. Тоа функционира“, нагласува четврт.

Во репертоарот бендот има кавер-верзии, но и сопствени песни. Следниот предизвик претстои. Настапот пред стотици колеги на еден конгрес за лекари.