1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Болниците во Газа се преполни

Израелската армија ја продолжува копнената офанзива во појасот Газа. Израелските медиуми јавуваат дека се водат тешки борби на југот од појасот Газа, кај Кан Јунис, како и во јужните предградија на градот Газа.

default

Според наводи на арапската телевизија „Ал Џазира“, Хамас има намера денеска да испрати делегација во Каиро за да разговара со Египет околу состојбата во појасот Газа. Египет досега посредуваше меѓу Израел и радикално-исламистичката палестинска организација. Од канцеларијата на израелскиот премиер, Ехуд Олмерт, стигна соопштение дека Олмерт во разговорите со германската канцеларка Ангела Меркел и со други шефови на влади, отфрлил ставање крај на воените операции, кои според него се „неизбежни“. Претседателот на Израел, Шимон Перес, во изјава за американската телевизија Еј-Би-Си јасно го соопшти израелскиот став: „Нема да прифатиме Хамас и натаму да гаѓа, а ние да објавиме примирје. Тоа нема смисла.“

Коментирајќи ги акциите на израелските сили во појасот Газа, Перес нагласи дека Израел нема интерес повторно да заземе палестинска територија: „Немаме намера ниту да го заземе појасот Газа, ниту да го уништиме Хамас, туку да го уништиме теророт. На Хамас треба да му се даде реална и сериозна лекција и сега ја доби.“

Потресни слики

Хуманитарната организација на ОН, УНВРА соопшти дека 20 проценти од жртвите во текот на воените операции, чиј број, инаку, изнесува околу 500, се жени и деца. Околу 13 илјади Палестинци се без покрив над главата или се во бегство. Во болницата „Шифа“ вчера (4.1.2009) се

Israel greift Hamas an Verletzter in Gaza Stadt

донесени десетици повредени, меѓу кои и едно мало девојче, чија мајка и три сестри се убиени. Роднините жалат по загинатите и повредените во болничките ходници.

Се оперира во ходници поради тоа што сите операциони сали се преполни, изјави норвешкиот лекар Ерик Фосе, кој работи како доброволец во болницата „Шифа“ во градот Газа. За англиската програма на телевизијата „Ал Џазира“, тој рече: „Бевме сведоци на страшни сцени. Имаше случаи што ме погодија длабоко во срцето. На пример, две момчиња на кои не им било дозволено да си играат на улица зашто е опасно, си играле на покривот од куќата. Биле погодени од шрапнел. Едно од момчињата почина поради големи повреди на градниот кош, а другото момче веројатно ќе преживее, но ја загуби едната нога и има тешки повреди на главата.“

Меѓународниот Црвен крст соопшти дека е вознемирен поради растечкиот број цивилни жртви. Во појасот Газа речиси и нема електрична енергија, а болниците се снабдуваат со електрична струја од генератори, кои се на работ да престанат да работат.

DW.COM