1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Болните смеат да одгледуваат канабис!?

Сојузниот управен суд во Минстер се изјасни дека на тешко болните треба да им биде овозможено самите да одгледуваат канабис, поради потребите за терапија.

Михаел Ф. е тешко болен. Повеќе од 20 години овој плочкар од Манхајм е болен од Мулиплекс склероза. Тешко му е да зборува, и страда од грчеви. Болките се намалуваат ако консумира канабис. Медицинскиот ефект не е спорен. Сепак пациентите како Михаел Ф. имаат потешкотии да добијат легална и платена терапија со канабис.

Ова по пресудата на Сојузниот управен суд во Минстер би можело да се смени. Меѓутоа иако тужителот, Михаел Ф. со објавувањето на пресудата на 7. декември се смета дека е во право, одлуката нема да има влијание врз неговите лични животни околности.

Waage der Göttin Justitia

Судот во Минстер смета дека на болните треба да им се овозможи да одгледуваат канабис

Имено Михаел Ф. самиот одгледува канабис за потребите на неговата терапија, и тоа во својата бања. Тој смета дека е принуден на тоа, со оглед на актуелната правна регулатива. Употребата на т.н медицинска марихуна прку аптека е можна само под строги услови и со вонредна дозвола, меѓутоа трошоците за тоа нема да ги преземе здравственото осигурување. На болните кои располагаат со малку пари им преостанува самите да одгледуваат марихуана.

На исто линија е и пресудата на судот во Минстер, со која на тешко болните во основа им се дозволува сопствено одгледување на канабис. Проблемот меѓутоа со ова не е решен. „За пациентите би било најдобро, едноставно да можат да отидат во аптека, таму да покажат рецепт или друг документ и да подигнат канабис“, вели медицинарот Фраљо Гротенхермен во разговор со ДВ. Впрочем во други земји тоа е можно, меѓутоа политиката во Германија не посакува вакво решение.

Во Израел, Холандија, Канада и делови на САД постојат законски регулативи, кои на тешко болните им овозможуваат снабдување со канабис по легален пат. Делумно е дозволено и самите да одгледуваат, меѓутоа за тоа не сите болни се во таква телесна состојба за да можат да одгледуваат канабис.

Cannabis auf Rezept in den Niederlanden

Во Холандија има канабис на рецепт

Во Германија во иднина Сојузниот институт за лекарства и медицински производи во Бон би требало да издава дозволи за приватно одгледување на канабис. Оваа институција при процесот во Минстер ја претставуваше Германија, како спротивставена страна. Како тоа конкретно ќе изгледа, и кои документи ќе бидат потребни засега не се знае. Сојузниот институт за лекарства и медицински производи на прашање на ДВ не зазема став по актуелната пресуда, со оглед на тоа што таа се’ уште не е правосилна.

Лекарствата (не) се алтернатива

На Михаел Ф. и по пресудата и натаму не му се овозможува легално да одгледува канабис. Во неговиот специјален случај судот смета дека алтернатива претставува лекот Дорнабинол, кој се базира на канабис. Здравственото осигурување од Михаел Ф., АОК, досега постојано одбиваше да ги преземе трошоците за ова лекарство. Меѓутоа на прашање на судот, здравственото осигурување сега ненадејно соопшти дека ќе ги преземе трошоците.

Оливер Толмајн, адвокат на Михаел Ф. и натаму ќе се бори за својот мандант: „Дорнабинол кај нашиот мандант делува само како дополнување. Тоа води до тоа, да има потреба од помалку канабис“. Тој ќе се обиде ова да го докаже медицински. Дури потоа би било можно на неговиот клиент да му се овозможи легално огледување на канабис.