1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Боливискиот претседател „приземјен“ поради Сноуден

Боливискиот претседател Моралес на враќање од Москва е на принудна меѓустаница во Виена. Неговиот авион не доби дозвола за прелет над неколку земји, кои се сомневаа дека во него се наоѓа американскиот екс-агент Сноуден.

Авионот на боливискиот претседател Ево Морале, на враќање од Москва, ноќеска поради сомневања дека во него се наоѓа поранешниот американски шпион Едвард Сноуден, непредвидено е спуштен во Виена.

Министерот за надворешни работи на Боливија Давид Чокуехуанка тврди - во авионот на претседателот Ево Моралес кој престојуваше во посета на Русија, не е поранешниот соработник  на американското разузнавање Едвард Сноуден и не знае кој ја смислил оваа лага.

До атерирањето во Виена дошло, откако Франција, Португалија, Италија и Шпанија одбиле на авионот со претседателот Моралес да му дозволат навлегување во нивниот воздушен простор, поради наводни „технички причини“, а всушност веројатно за сомневања дека во него се наоѓа Американецот по кога трагаат САД за оддавање во јавноста доверливи информации за програмата за масивно следење на електроничките комуникации на милиони луѓе во целиот свет.

Snowden Flucht - Bolivien Präsident muss Flug abbrechen

Авионот на Моралес непредвидено во Виена

„Не постои можност во авионот да има дополнителни патници, освен оние коишто се регистрирани за летот“, изјави шефот на боливиската дипломатија . Според Чокуехуанка, со таквите дејствија властите на споменатите држави ги ставиле во опасност животот на претседателот Ево Моралес и на екипажот на авионот. Боливиското министерство за одбрана, пак, соопшти оти се надева дека шефот на државата ќе може да се врати во земјата подоцна денеска (03.07).

Претходно во вторникот, боливискиот претседател Ево Моралес за руската телевизија РТ изјави дека е подготвен да разгледа барање за давање политички азил на поранешниот  советник и соработник на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден. Во Москва вчера Моралес и рускиот претседател  Владимир Путин разговараа за изгледите за продлабочување на соработката меѓу двете земји, а истиот ден боливискиот претседател полета за татковината.

Организацијата на Американските држави ОАС од европските држави побара објаснување зошто авионот на боливискиот претседател не добил дозвола за прелет.

„Ништо не може да го оправда ваквиот акт на непочитување кон највисоката функција на една држава“, изјави генералниот секретар на ОАС Хозе Мигуел Инсулца во Вашингтон.