1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Боко Харам ја презеде одговорноста за нападите врз црквите во Нигерија

Терористите на радикално-исламистичката секта Боко Харам ја продолжија серијата напади врз цркви во Нигерија. Портпарол на сектата во името на неговата организација ја презеде одговорноста за нападите.

Милитантите од радикално-исламистичката секта Боко Харам во неделата (10.06.) нападнаа две христијански цркви. Во првот напад со огнено оружје биле убиени неколку лица додека во нападот со автомобил-бомба врз втората црква загинале пет, а ранетo билo 41 лице.

Исламистичката секта ја презема одговорноста за овие напади врз црквите во Нигерија. Со оваа акција, организацијата сака да докаже дека наспроти тврдењата на владата, Боко Харам не била заслабена, изјави портпарол на сектата.

„Ние ја преземаме одговорноста за самоубиствените напади во црквата на градот Џос и уште еден напад во црквата во Биу“, изјави припадник на групата за локалните медиуми.

Боко Харам, што на јазикот хауса значи „западното воспитување е злосторство“, се бори за исламистичка држава во северот на земјата претежно населен со муслимани и редовно извршува напади врз полицијата, институциите на власта и цркви. Само годинава исламистичката секта се товари дека е одговорна за смртта на повеќе од 560 луѓе.