1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Божик среде лето

Надвор е се` уште лето, но тоа не е причина лондонската стоковна куќа „Selfridge's“ да не ги изложи своите раскошни божиќни елки уште сега.

default

„Секогаш отвораме во август. Лани, тоа беше осми, а годинава втори август. Бизнисот цвета; минатата година имавме педесет проценти повеќе промет од порано, и затоа решивме оваа година да започнеме порано со продажбата на божиќни украси и подароци“, вели Гералдин Џејмс, вработена во „Selfridge's.

Околу 25.000 различни артикли им стојат на располагање на купувачите, и тоа по најразлични цени: од 10 до 2.000 евра. За секого има по нешто.

„Се` уште не сум во божиќно расположение, но ги сакам овие нешта, па ги купувам“, вели една од купувачите, а друга додава:

„Едноставно не можам да одолеам!“

Предвремената продажба на божиќни украси и подароци во „Selfridge's“ е атракција пред се` за туристите. Кој нема да појде во Лондон сега, без паника! До Божиќ остануваат уште неколку месеци.

Автор: Инга Зиг / Далибор Стајиќ

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска