1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Божикните празници - време за оддишка за германските спортисти

Многу германски спортски ѕвезди божикните празници ќе ги прослават во мирна и пријатна атмосфера. Дури и за двајца германски фудбалери, кои играат во Англија, божикното празнување е продолжено поради штрајк во Лондон.

На, 26 декември, вториот ден Божик односно т.н „Боксинг деј“ во Англија традиционално се игра редовно коло од фудбалската Премиер лига. За професионалните фудбалери практично нема време за поддршка. Тоа важи и за германските легионери Лукас Подолски и Пер Мертезакер. За нив на програмата утре беше натпреварот меѓу нивниот Арсенал и Вест Хем. Меѓутоа ова лондонско дерби е откажано. Во Лондон имено штрајкуваат возачите на подземната железница, па така германските репрезентативци Мертезакер и Подолски неочекувано добија повеќе време во мир да ги прослават божикните празници.

Конечно зимска пауза

За разлика од Англија, во Германија фудбалската топка мирува. Играчите и тренерите го користат овој период за да се одморат и да ги наполнат батериите. „Божик и Нова Година ќе ги поминам мирно дома- традиционално со семејството и пријателите“, вели селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоахим Лев. И тренерот на Бајерн Минхен, Јуп Хајнкес воопшто не сака да размислува за фудбал за време на празниците. „Ќе бидам со сопругата дома пред каминот. Се разбира на трпезата ќе има печено месо на рајнски начин“.

Fussball-Bundestrainer Joachim Löw mit Frau Daniela

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоахим Лев со сопругата Даниела

За германските пливачки ѕвезди Брита Штефен и Паул Бидерман изборот за јадење за Божик е ист речиси секоја година: салата од компири и колбаси. „Во меѓувреме не го сакам тоа премногу, но добро. Наредниот ден на трпезата ќе има печена патка“, вели Штефен. Таа и Бидерман потоа патуваат на натпреварот на францускиот остров Ла Реунион, каде ќе ја дочекаат и Нова Година.

Божикната желба на Новицки

Светскиот првак во Формула 1, Себастијан Фетел по неговата трета титула по ред, конечно сака малку да здивне: „Сакам да се концентрирам на човекот Себастијан Фетел“, изјави најмладиот трикратен шампион во историјата на натпреварувањата во Формула 1.

Сосема поинаква е ситуацијата кај германскиот кошаркарски ас Дирк Новицки. „Конечно повторно да заиграм“, гласи неговата божикна желба годинава. Дирк Новиски имено веќе со месеци паузира поради повреда на коленото. Во меѓувреме тој веќе неколку дена тренира, но засега е рано да се каже кога тој повторно ќе заигра во сезоната во НБА лигата. „Во некој момент по божикните празници би било одлично“, си посакува Новицки.