1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Божикниот мирис на зимзеленото во домот

Цветната култура во Германија се чувствува токму на Божик и четирите недели на Адвентот. Иако колор трендовите имаат влијание, факт е дека вечни остануваат елката. зимзелените дрвца и цвекињата со црвени бои.

default

Во Германија Божик е празник на традицијата и на семејството. Заедничката вечера и делењето подароци се само дел од вековното, на кое вистинската слика му ја даваат елката и зимзелените аранжмани, накитени со цвекиња и свеќи, во домот, на работното место, во продавниците... Елката е вечна

„Неделите околу Божик и онака се традиција. Секој сака да ужива во удобноста на домот. Атмосферата е посебна... Надвор може да паѓа снег, и е убаво на божикните панаѓури, каде се пие варено вино, мириса на цимет, се слуша убава музика... Човек сака дел од таа атмсофера да пренесе и во домот. Затоа и домот се украсува со божиќен венец, букет, гранка, нешто што мириса на елка,

Blumenkultur

Божикниот амбиент и мириси се пренесуваат во домот - Рајнхолд Греиве

вели Рајнхолд Греиве, кој веќе 14 години ја има најубавата цвеќарница во берлински Шонебер. Го прашуваме дали во мноштвото новитети и‘ минува популарноста на елката?

„Не, за елката навистина нема мода. Но, ориентацијата на некои се‘ повеќе е во насока на користење пластични производи: елка или венци, зашто како што велат оние што нив ги купуваат, природната елка трае кратко, е скапа и остава иглички, односно не е многу чиста работа“. Гриеве објаснува дека елката и зеленото во домот е во врска со преданието за Исус. Роден е во штала, покрај сено, каде било топло, меко, каде имало светлина од месечината, звездите и по некоја свеќа. Оттаму, ваквата топла, удобна и мистична атмосфера луѓето и денес за Божик сакаат да си ја пренесат дома. Затоа е желбата да се украси домот - со елката, со венци и аранжмани од зимзелени растенија во комбинација со свеки, цвекиња, јаболки, ореви,бадеми, костени... Бакнеж под имелата-симбол на љубовта

„Божикниот букет кој редовно е во домот со почетокот на неделите на Адвентот најчесто е од амарелис, украсен со бор, гранки од диви рози, шипинки, практично се‘ она што е слично на црвената рибизла,

Blumenkultur

Црвената боја во тон со Божикот

објаснува Греиве дополнувајќи:

„Тука е секако и белата имела, чие користење е врзано за старата британска традиција која е пренесена во Германија. Гранка од имелата се закажува на првиот Адвент. Приказната вели дека кога гранка од имела е над вратата, тогаш девојката смее под неа да го бакне партнерот, без тој да знае и без да се налути!

Ако зимзелените дрва како елката, борот и смрека се вечни, тогаш нема сомневање дека и во цветната култура на Божикот траги остава модерното живеење. Годинава е тренд на пример за да се користи пролетно цвеќе, како на пример лалиња и други видови од редот на магнолии. Кога се во прашање боите овој декември особено миолени се виолетовата и сивата.“ Креации во кругот на семејството

Модата понекогаш остава траги врз цвеќарството, но прашање е дали некој сака да се ориентира кон тоа или не. Она што традиционално и секогаш минува се цвекињата со црвени тонови, зашто тоа се всушност боите на Адвентот, на Божикот... И тука има менување кое се движи од природните тонови на пиперка, до портокалово. Во домот или деловниот простор се внимава и на ентериерот, па се користат и бели или крем тонови, коментира Рајнхолд Греиве дополнувајќи:

Blumenkultur

Букетите и божикните венци се најубави кога семејството заеднички ги креира

„Трендот годинава меѓутоа не оди кон боите, туку се‘ повеќе кон индивидуалното правење на божикните украси. Ова е особено карактеристично за новите семејства со мали деца. Тренд е да се купи базичниот венец од елка, кој потоа дома семејството го украсува. Заеднички се одлучува за бојата на свеќите, за дополнителните цвеќиња и украси кои ќе бидат вметнати и голема радост е вака направениот венец да ја краси празничната трпеза!“

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Жана Ацеска