1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Божикна порака на Јоханес Рау


Германскиот претседател Јоханес Рау во божикната порака за Дојче веле го истакнува досегашниот ангажман на германските војници и цивилни помагачи во странство. Војниците, полицајците и многумина цивилни помагачи кои често се наоѓаат на служба далеку од дома и се ангажираат за мирот, човековите права и заштитата од терор, заслужуваат посебно признание, вели Рау. Во врска со ситуацијата во Германија, тој предупредува пред чисто економска перспектива. Ако сите подрачја во животот се формираат според економските законитости, општеството ќе се најде во ќорсокак. Семејството не е погон, училиштето не е фирма, а болницата не е здравствена машина. Не смее постојано да се прашува колку нешто чини и што ќе донесе, вели германскиот претседател Јоханес Рау. Во продолжение - слушнете ја неговата порака по повод божикните празници: "На моите патувања во странство јас често среќавам Германци кои таму се одомаќиле, понекогаш со генерации. Знам колку придонесле за изградбата на тамошните општества, дека се многу ценети и прикажуваат добра слика за Германија. Во овие божикни денови повеќето од нас ќе и подарат мигови на освестување. Ќе погледнеме кон минатото и ќе погледнеме во она што може да дојде. Секој првенствено ќе помисли на она што му се случило во приватниот живот. Некои доживеале среќа да најдат сакан човек, родителите ќе се радуваат за раѓањето на ново дете. Други пак загубиле близок со разделба или смрт. Родителите ќе се загрижени за идната на нвините деца. Некои од вас во нов дом ќе поставуваа цврсти корени, други можеби ќе се чувствуваат отуѓено, на многумина им успеал нов почеток. Ние сепак ќе погледнеме и надвор од нашиот приватен живот во јавниот и политичкиот живот. Кога во март започна ирачката војна мнгумина во светот беа потресени и изненадени. Се радуваме за крајот на страшната диктатура, но уште еднаш гледаме дека оружјето и воената надмоќ сами за себе не можат да ги решат проблемите во светот. Мирот не доаѓа со сила, вели германскиот претседател Јоханес Рау во божикната порака. Извесно е дека има ситуации во кои слободата и правото се бранат и со оружје и мораат да се штитат. Затоа им благодарам на сите војници, полицајци и многуте цивилни помагачи кои - често далеку од дома - ја исполнуваат својата задача во полза на мирот, за луѓето и заштитата од теророт и насилството. Тие им обезбедуваат на луѓето заштита и безбедност, помагаат во обновата на инфрастурктурата, пружаат медицинска помош и уште мнпогу други нешта. Тие се вистинските амбасадори на нашата земја. Мислиме на нив и ги поздравуваме, заедно со нивните семејства и пријатели. Кај нас во Германија во минатата година водевме многу дебати кои длабоко завлегуваа во промени во нашето општество. Можно е вие однадвор нашите проблеми да ги гледате со поинакви очи. Од сопственото искуство знаете дека Германија на меѓународен план добро стои. Но, луѓето кај нас знаат дека ни се потребни големи заеднички напори за така да остане. И покрај се не смееме да влеземе во замката нашиот севкупен општествен живот псотојано да го мериме според мострите на економијата и добивката. "Биланс", "капитал", "ресурси" - тоа се поими што се неизбежни во економијата. Но, тие не припаѓаат во секое друго подрачје од животот. Инаку во семејствата, во врските и кај децата постајно би се пресметувало: "колку ќе ме чини ова, што ќе ми донесе тоа? Верувам дека ако сите подрачја во животот ги формираме според економските законитости, ќе влеземе во ќорсокак. На тој начин ќе пропуштиме важни нешта во животот. Семејството на пример, не е погон. Семејството живее од времето за себе, од меѓусебност и слави, од разговори и разбирање и од простување. Едно општество живее од флексибилност и рамнотежа, од љубопитност и елан. Живее и од довербата и меѓусебните обврски, од солидарност, ангажман и давање. Тоа важи насекаде во светот.
Во оваа година милиони Германци го гледаа филмот "Чудото од Берн". Тој покажува како Германија со победата на светското првенство во фудбал во 1954 година доби нова самосвест. Филмот наскоро ќе може да се види во многу други земји. Се надевам и кај вас. Во приказната тој прикажува и дека ние и покрај сета готовност за постигања, при сето знаење и напори зависиме и од среќа за да успееме во нешто. За едно сосема друго чудо зборува секоја година и Божик. Тоа што се прикажува тука е она што ние не можеме да очекуваме сами да го направиме. Тоа е порака на љубов на ближниот за мир на Земјата насекаде и во душата. Бидејќи тоа е чудо затоа го славиме повторно секоја година - насекаде во светот", вели германскиот претседател Јоханес Рау во пораката за Божик, последна во неговиот мандат.