1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Божикната порака на Папата во сенка на нападот врз него

Папата Бенедикт 16-те ја испрати традиционалната божикна порака до светот, но настанот мина во сенка на синоќешниот инцидент од кој, поглаварот сепак излезе неповреден. Во инцидентот настрада еден француски кардинал

default

Папата смета дека моралната криза најсериозно му се заканува на светот. фото: Бенедикт 16-ти

Папата Бенедикт 16-ти го повика светот да се откаже од насилството и одмаздата во неговата божикна порака. Од балконот на базиликата Свети Петар во Рим, Папата ја испрати традиционалната „Урби ет Орби“ до светот на 65 јазици, повикувајќи ги луѓето да се посветат на едноставноста на Божикната порака.

Обраќањето мина во сенка на синоќешниот инцидент во кој Папата беше нападнат од психички болна жена за време на полноќната божикна миса. 25-годишната Сузана Мајоло го шокираше светот, но и обезбедувањето на Папата откако успеа да ја прескокне заштитната ограда и да го турне католичкиот поглавар на земја.

„Ненадејно една личност прелета преку барикадите и Светиот татко беше соборен, сите луѓе од обезбедувањето потоа се собраа да го подигнат.“

„Една млада жена скокна преку бариерата и се чинеше како да го повлече надолу. Го зграпчи за раката и двајцата паднаа на земја“, изјавија шокирани очевидци на настанот.

Иако Бенедикт 16 падна на земја, сепак веднаш продолжи со мисата како ништо да не се случило. Тој не е повреден, но настрада францускиот кардинал Роже Ечегареј кој во турканицата ја скршил бутната коската и денеска ќе биде опериран.

Жената-напаѓач, која не била вооружена, е уапсена, но по полицискиот разговор е префрлена на психијатриско лечење во една римска клиника. Во меѓувреме беше потврдено дека станува збор за истата личност која и минатата година се обиде да стигне до Папата за време на полноќната божикна миса.

Во божикната порака, Папата потсети дека општеството е длабоко жигосано од сериозната економска криза. Тој, меѓутоа, додаде дека има и друга многу посериозна криза - моралната криза. Бенедикт 16-ти, исто така, ја изрази солидарноста со оние кои се жртва на природните стихии и на сиромаштијата, како во сиромашните, така и во богатите општества.

автор:БГ/афп/ројтерс

редактор: Александра Трајковска