1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Божикен подарок за фудбалските навивачи

Англиските љубители на фудбалот ни во божикните денови не мора да апстинираат од својот омилен спорт. На „островот“ топката не мирува. На 26. декември, ткн. Боксинг деј, спортската јавност има што да гледа

Боксинг Деј (Boxing Day) на островот е безмалку светост, а фудбалот на ден по Божик е традиција која трае со децении.

„Боксинг Деј е посебен ден. Англичаните тогаш со семејствата одат на стадион“, раскажува Германецот Дитмар Хаман, кој овој ден во својата кариера го доживеа во дресовите на дури три премиерлигаши: Њукасл, Ливерпул и Манчестер Сити.

Во Англија, нација која се фали со тоа дека е татковина на фудбалот, Боксинг Деј е вистински спектакл. Преполни се и стадионите, но и пабовите, а насекаде владее посебно расположение.

За разлика од сите други фудбалски лиги каде за Божик топката мирува, во Англија нема време за опуштање во кругот на семејството. Во понеделникот се одигра дербито меѓу Арсенал и Челзи, а само 65 часа подоцна, звездите од двата тима, како Месут Езил, мораат повторно на теренот. Се тренира и на Бадник и на Божик.

Türkei Fußball Champions League Liverpool gegen AC Mailand Dietmar Hamann

Диди Хаман во дресот на Ливерпул

Годинава, дербито на Боксинг деј ќе се игра во Манчестер, каде домашниот Сити го дочекува актуелниот лидер на табелата Ливерпул.

Милијарда луѓе пред екраните

Во текот на фудбалскиот Божик не расте само пулсот на англиските љубители на фудбалот. Низ целиот свет речиси една милијарда луѓе преку ТВ- екраните ќе ги следат случувањата на стадионите во Премиер лигата. Во празничните денови нема голема фудбалска понуда, па вниманието на светската јавност е свртена кон „островот“.

Неколку натпревари одиграни на Боксинг Деј досега влегоа во фудбалската историја. Во десетте прволигашки мечеви одиграни во далечната 1963. беа постигнати дури 66 голови. И ден денес во Фулам ги прераскажуваат деталите од легендардната победа од 10:1 на гостувањето кај Испвич. На тој меч напаѓачот Греем Легат го постигна најбрзиот хет-трик во фудбалската историја- за само три и пол минути.

Mesut Özil beim Arsenal Spiel gegen Norwich

Месут Езил сезонава е најголемо засилување на Арсенал

Фудбалските навивачи традиционално, многу ги ценат победите на нивните клубови во празничниот период. На тие мечеви се создаваат темелите за освојување на титулата или за успешен „пролетен“ дел од сезоната, велат познавачите на таа лига. Победата на сопствениот тим навивачите ја доживуваат како божикен подарок.

Легендата на Боксинг Деј

Но, слично како и сеќавањето на фудбалските мечеви меѓу навивачите, околу самиот Боксинг Деј, односно неговото име, се уште се плетат легенди. Кое е изворното значење на тој ден? Дали на работниците, токму на тој ден, во мали кутии им биле исплаќани годишните премии? Дали во црквите на тој ден се собирале пари, или се делеле подароци спакувани во кутии?

Ниту една од тие теории не е потврдена. Едно нешто им е сепак заедничко: на Боксинг деј сепак нешто се подарува. И фудбалерите се уште тоа го прават, барем во преносна смисла.