1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Богоевски осомничен за перење над милион евра

Екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Слободан Богоевски, двајца адвокати од Скопје, двајца управители на фирми и еден Словенец се осомничените за малверзации на градежното земјиште, соопшти МВР.

default

Осомничените се товарат дека испрале над еден милион евра. Четворица од нив се приведени, а по Словенецот и уште еден управител на фирма, полицијата се‘ уште трага. Во 2000 година кипарската фирма „Централ балкан инвестмент ЦБИ“ склучила договор со тогашното министерство за урбанизам, сегашно министерство за транспорт и врски и купила 19 илјади метри квадратни во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Полномошник на кипарската фирма бил адвокатот Васко Томановиќ. Но, кипарската фирма до 2009 година, не изградила, односно не инвестирала ништо, па Министерството за транспорт и врски на 3 март 2009 година го раскинало договорот со кипарската фирма. Три месеци пред раскинувањето на договорот меѓу кипарската фирма и државата, Томановиќ формирал фирма во Скопје со идентичко име како кипарската „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“ ДООЕЛ Скопје.

За земјиштето кај „Борис Трајковски“, заинтересирана е Меркатор Словенија која потоа го купила земјиштето. Словенците формирале фирма во Македонија која требало да го менаџира сопствеништво за купување на земјиштето. Словенечкиот државјанин Митја Валиќ, кој управувал со словенечката фирма во Скопје, побарал од Меркатор Словенија да му префлрат уште еден милион евра на сметка на фирмата наводно за посредување при раскинување на договорот со кипарската фирма, којшто веќе бил раскинат. Но тие пари не легнале на сметка на кипарската фирма, туку на сметката на фирмата на адвокатот со исто име како кипарската. За да се „исчистат“ парите, фирмата на Тамоновиќ склучила договор со фирмата на Владо Пешликовски и со Слободан Богоевски за наводно посредување за раскинување на веќе раскинат договор.

Богоевски се јавува како приватно лице, консултант за наводно посредништво за раскинување на договорот со кипарската фирма.

„Врз основа на вака склучените договори, на лична сметка на физичкото лице во двата наврата во јули 2009 година од фирмата на првоосомничениот му се префрлени вкупно 28.670.000,00 денари, од кои пријавениот 17.500.000,00 денари ги подига во готово, а 2.860.000,00 денари повторно ги враќа на сметката на скопската фирма, додека 8.000.000,00 денари остануваат на неговата лична сметка“ велат од МВР.

Против сите шестмина е поднесена кривична пријава за „перење пари и други приноси од казниво дело“, „фалсисификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.