1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Богов прогнозира позабавен економски раст годинава

Народната банка на Република Македонија предвидува раст на економијата од 2,4 проценти во 2012-та, годишна стапка на инфлација од два проценти и дефицит на тековната сметка на билансот на плаќања од 4,5 проценти од БДП

default

Димитар Богов ја коригираше прогнозата за економскиот развој

Прогнозата за растот на БДП од 2,4 проценти претставува надолна ревизија во однос на проекцијата на НБРМ од три проценти во ноември лани, додека оценките за инфлацијата остануваат непроменети.

„Ревизијата од ноември до сега е поради намалената екстерна побарувачка, а тоа се податоци кои ги добиваме од меѓународни извори. Во овој момент анализите покажуваат дека 2,4 проценти е реален раст при екстерна побарувачка од минус 0,3 проценти“, рече гувернерот на НБРМ Димитар Богов на прес-конференција.

Mazedonien Land und Leute

Во однос на разликите во проекциите со Владата која очекува раст на домашната економија од 4,5 проценти, Богов истакна дека Министерството за финансии има резервни варијатни и доколку не се реализираат приходите има мерки за прилагодување.

Лани, посочи Богов, јавната потрошувачка имала негативен придонес кон растот, но инвестиците позитивна стапка на раст.

„Тука голем придонес имаат јавните инвестиции. За оваа година како што ги гледаме податоците повторно даваат предност на јавните инвестиции. Засега не гледаме одредени ризици по монетарната политика од спроведувањето на фискалната политика, односно немаме нерамнотежи предивикани од јавната потрошувачка и инвестиции“, појасни гувернерот на НБРМ.

Според него, годинава останува поволното макроекономското сценарио, стабилноста не е загрозена и не се очекува значително да се промени амбиентот за спроведување на монетарната политика.

„Структурните промени во економијата кои се случуваат последните години ја зголемуваат отпорноста на домашната економија и нејзиниот потенцијал за раст така што даваат одредена доза на подобри очекувања во однос на амортизирањето на ударите од рецесијата во еврозоната. Затоа очекуваме да продолжи економскиот раст иако со забавена динамика“, рече Богов.

Главен носител на растот годинава ќе биде домашната побарувачка, при негативен придонес на нето-извозт. Главен ризик за економскиот раст остануваат случувањата во еврозоната.

Mazedonien Land und Leute Fabrik Nähbetrieb in Bitola

Динамиката на инфлацијата која на годишно ниво според НБРМ треба да изнесува 2 проценти, е главно условена од светските цени на храната и нафтата. Ризиците за проекцијата на инфлацијата и натаму се главно надолни и се однесуваат на евентуално поголемо намалување на светската економска активност, што би условило поголем пад на странските цени, како и поголемо забавување на домашната економија од очекуваното, смета НБРМ.

Дефицитот на тековната сметка на билансот на плаќања централната банка оценува дека ќе остане непроменет и ќе изнесува 4,5 проценти од БДП. Оценките се дека во целост ќе биде финансиран од капиталните нето-приливи, овозможувајќи дополнителен раст на девизните резерви и задржување на покриеноста на увозот со девизни резерви од над четири месеци.

Минатата година македонската економија ја завршила со раст од 3,3 проценти и просечна стапка на инфлација од 3,9 проценти. На крајот на 2011 година девизните резерви достигнале 2.069 милиони евра, обезбедувајќи месечна покриеност на увозот за следната година повисока од четири месеци (4,3).

Автор: ЖА/АТ/миа

Редактор: А. Трајковска