1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Богат север и сиромашен југ ја расцепуваат ЕУ

Во ЕУ е се поочигледен јазот меѓу северните и јужните членки. Земјите како Германија добро се снаоѓаат и во кризни времиња, а во Шпанија или Грција драматично растат стопанските и социјалните проблеми.

Кризата трае и се’ повидливи се нејзините последици во Европа. Стапката на невработеност достигна рекордна стапка (11,8 проценти) во еврозоната. Луѓето без работа се’ потешко ја наоѓаат. На се’ поголем број граѓани им се заканува сиромаштија. Во актуелниот извештај на европскиот комесар за социјални прашања, Ласло Андор се наведува: „Приходите на домаќинствата се опаднати, а ризикот за сиромаштија постојано расте“. Но, не се сите групи подеднакво погодени. Андор прецизира дека трајната сиромаштија најмногу им се заканува на младите, невработените жени и на самохраните мајки.

На почетокот на кризата Европската комисија и земјите членки ветија воведување на т.н. „автоматски стабилизатори“. Социјалните системи требаше да ги ублажат последиците од кризата. Но, поради падот на даночните приходи и растот на стапката на социјални трошоци, на многу држави едноставно им недостасуваат средства за да ги заштитат приходите на домаќинствата од последиците на кризата.

Загриженост за младите

EU-Sozialkommissar Laszlo Andor Brüssel 8.1.2013

Еврокомесарот Ласло Андор

Веста која најмногу загрижува во последниот извештај е врзана со фактот дека во ЕУ и особено во еврозоната се повеќе расте јазот меѓу релативно стабилниот север и југот, кој забрзано тоне во амбис. На пример, стапката на невработеност во Австрија е само 4,5 проценти од работоспособните. Во Шпанија, истата изнесува 26,6 проценти. Меѓу младите во Грција и Шпанија таа е уште повисока. Преку 50 отсто од младите таму се без работа.

Комесарот Андор тврди дека проблемите делумно се должат и на погрешните или фаличните квалификации.
„На југот и истокот на Европа квалификациите не одговараат на понудените работни места, а таквата ситуација и се влошува“, вели Андор. Многу земји во моментов се соочуваат со „маѓепсаниот круг“- комбинација од невработеност, пад на даночните приходи, пад на инвестициите, рецесија и уште поголема стапка на невработеност.

На друга страна, во земји како Германија, Франција или Полска и во кризната 2012. приходите на домаќинствата пораснаа.

Преквалификации наместо реформи?

Како решение за јазот меѓу северот и југот, ЕК предлага „офанзива на

Symbolbild EU Sparpläne

Додека југот се мачи со кризата, приходите во северните земји растат

квалификување“, реформа на пазарот на трудот и корекција на социјалниот систем. Со оглед на огромната стапка на невработеност, ќе биде потребен и Европски социјален фонд. Воведување минимална плата исто така треба да помогне. Патрик Ичерт, заменик на генералниот секретар на Европскиот сојуз на синдикати ЕТУЦ во разговор за ДВ ја критикува „слепата политика“ на штедење на Европската Комисија. Реформите на пазарот нема да отворат нови работни места, тврди тој: „Пазарниот натпревар исклучиво преку платите значи кинески модел. А ние тоа не го сакаме“.

Германскиот синдикален сојуз реагираше на извештајот со барање за европски „Маршалов фонд“ и со критики. Социјалниот јаз досега беше игнориран во обидите да се реши кризата во ЕУ, тврдат синдикалците.