1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Богатите се се’ побогати

Приватниот имот во Германија е нерамномерно распределен. На околку десет проценти најимотни домаќинства во земјата им припаѓа повеќе од половината од целокупниот нето имот.

Во Германија се’ повеќе се зголемува разликата меѓу богатите и сиромашните. Имотот на државата пак, се намалува. Ова, според информација на весникот „Зиддојче цајтунг“, произлегува од нацртот за четвртиот извештај за сиромаштија и богатство кој го подготвува Министерството за вработување.

Според нацрт извештајот со кој располага весникот од Минхен, приватниот нето имот од почетокот на 1992. година до почетокот на 2012. година од речиси 4,6 билиони се зголеми на околу десет билиони евра, повеќе од двојно. Само во кризниот период од 2007. до 2012. година приватниот нето имот - кон ова се вбројуваат недвижнини, градежно земјиште, капитал и право на пензија - се зголеми за 1,4 билиони евра.

Имотот на богатите расте понатаму

Symbolbild Reichtum in Deutschland

Богатство без крај

Притоа, уделот на домаќинствата со најголем имот, околу десет проценти, според Министерството за вработување, „во текот на времето постојано се покачуваше“. Во 1998. година тој изнесуваше 45 проценти од вкупниот имот. Во 2008. година во рацете на оваа група на најбогати домаќинства се наоѓаа 53 проценти од вкупниот нето имот. Долната половина на домаќинствата располага само со еден процент од вкупниот нето имот, се вели во нацрт извештајот, пишува весникот.

Големи разлики постојат и кај развојот на платите, се констатира во нацрт извештајот. „Во горниот дел растат во позитива“, се вели во предлог извештајот. Околу 40 проценти од вработените со цело работно време меѓутоа, по пресметувањето на инфлацијата, мораа да претрпат загуби на нивните приходи. Ваков развој „ го повредува чувството за праведност кај населението“, констатираат службениците под раководство на министерката Урсула фон дер Лајен.

Разликата меѓу источна и западна Германија, според нацрт извештајот, е намалена, пишува весникот. Западно германските домаќинства сепак, во просек поседуваат имот во недвижнини и пари во висина од 132.000 евра, додека источно германските домаќинства во износ од 55.000 евра.

Според нацрт извештајот за сиромаштија и богатство, продолжува и трендот на топење на имотот на државата. Тој од почетокот на 1992. до почетокот на 2012. година се намалил за повеќе од 800 милијарди евра, стои во извештајот, пренесува „Зиддојче цајтунг“.