Боб Дилан | Теми | DW | 14.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Боб Дилан

Нарекуван и „Ајнштајн на поп музиката“, тој е еден од највлијателните уметници на 20 век. Боб Дилан: поет и пејач со долга, бурна кариера кој честопати ги изненадуваше своите фанови и критичари.

Иако Дилан ја отфрла етикетата „протестен пејач“, сепак неговите песни беа моќна сила во протестното движење во 1960 години. Во децениите потоа, уметникот и неговата уметност доживеаја многу промени. Во 1980 започна голема турнеја, а неговите концертни активности не стивнуваат и покрај одминатите години.