1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

БНД: Режимот на Асад е пред крај

Според германската тајна служба деновите на сирискиот претседател Башар ал Асад се избројани. Рецептот за успех на бунтовниците, според БНД, е во герилската тактика.

„Постојат многу знаци кои укажуваат на почеток на крајната фаза на режимот во Сирија“, вели претседателот на германската Служба за воено контраразузнавање, Герхард Шиндлер за весникот „Ди велт“.

Армијата на Асад загуби 50 илјади од своите 320 илјади војници.

Sicherheitsexperte Gerhard Schindler zukünftiger Chef des BND

Герхард Шиндлер

„Меѓу нив се бројни ранети, дезертери и две до три илјади пребегани кон милитантната опозиција“. Освен тоа, „ерозијата“ на војската продолжува, истакнува шефот на БНД. Според него, во Сирија во меѓувреме постојат околу дваесет илјади вооружени бунтовници.

„Бунтовничките групи се мали, регионално детерминирани и исклучително подвижни. Тие се во состојба да вршат брзи напади и да се повлечат во заднина. Поради тоа што се мали, сириските бунтовнички групи не се добра цел за армијата на Асад“.

Зашто, наспроти регуларните воени сили стојат мноштво флексибилно подвижни борци.

„Нивниот рецепт за успех е еден вид герилска тактика, што се‘ повеќе ја исцрпува и обесхрабрува армијата“, ги пренесува шрвиот човек на БНД сознанијата на неговата служба. Проценките на германската служба за воено контраразузнавање велат дека во отпорот против Асад во никој случај не доминираат исламистите.

„Тие се малцинство“, вели Шиндлер. Цепак, постојат радикални групации како АЛ-Хусрах фронтот, кој очигледно одржува врски со терористичката мрежа Ал Каеда.