1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

БНД под критики

Во аферата за шпионирање на новинарите од страна на германската тајна служба БНД, се појавија нови информации. Според еден извештај на весникот „Берлинер цајтунг„ поранешниот директор на БНД Фолкер Ферч користел како извор повеќе новинари.

Дали БНД шпионирала новинари?

Дали БНД шпионирала новинари?

Весникот се повикува на еден протокол на Ферч во рамките на едно сослушување во јавното обвинителство. Во тој протокол Ферч потврдил дека во согласност со раководството на БНД одржувал контакти со новинари. Цел била да се спречи објавувањето информации што би биле штетни. Ферч од 1994 до 1998 година го водеше одделот на БНД за внатрешна безбендост. Како што пишува „Берлинер цајтунг„ Ферч настапил спротивно на укажувањата на тогашниот шеф на БНД Хансјерг Гајгер. Инаку, сојузот на германските новинари бара брзо разјаснување на аферата. Опозицијата подеднакво притиска владината коалиција што побргу да излезе пред јавноста за изнесените сознанија. Владиниот портпарол Томас Штиг вчера изјави:

„Можете да бидете сигурни дека во владата имате партнер кој секогаш ќе ја брани слободата на печатот„.

Сепак, станува збор за воздржаност, зашто се сака најнапред да се испитаат обвинувањата за шпионирање на новинарите.

Напротив, портпаролот на германскиот сојуз на новинарите Хендрик Цернер:

„Бараме објавување на извештајот. Сакаме до јавноста да дојде извештајот на 170 страници„.

Претседателот на либералите Гидо Вестервеле со барање до владата:

„Очекувам од сојузната влада дека нема се да турне под килим, туку дека ќе разјасни се во целосен обем„.

На критика е подложен и поранешниот шеф на БНД, Ханс Георг Вик кој за Дојчланд функ изјави:

„Новинарите не смеат да се стават во вркстен оган, зашто мора да се почитува слободата на печатот. Тоа важи и за БНД. Можно е да се создала ситуација во која тој принцип не се почитувал„.