1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

БНД – Бундестаг

*

Германскиот парламент за прв пат во историјата именуваше специјален иследник за испитување на аферата со тајните затвори и летови на ЦИА во Европа. Нејзини агенти, според информациите на Советот на Европа, киднапирале на европска почва лица осомничени за тероризам и тајно ги префрлале во нелегални затвори исто во Европа. Поранешниот пратеник на германската влада за заштита на приватните податоци, Јоаким Јакоб, треба пред се‘ да испита дали германските власти знаеле за тајните летови на американската тајна служба.