1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

БМВ ќе произведува карбонски автомобил

БМВ очекува дека нивниот „и3“ автомобил ќе ја забрза електричната мобилност. Автомобилот ќе почне со производство оваа недела. Има шасија од карбонски влакна што го прави многу лесен. Но материјалот е доста скап.

„Револуцијата почна“ - изјави Херберт Дис, директорот на БМВ за развој на автомобилскиот саем во Франкфурт. Опколен со видео бимови, ја претстави ѕвездата на неговата презентација, електичниот автомобил „и3“.

Она што е вистински револуционерно за овој автомобил е тоа што е направен од карбонски влакна, наместо од метал.

БМВ вели дека транзицијата кон карбонски влакна ќе ја балансира додатната тежина на акумулаторот. Акумулаторот е тежок, но кога е целосно наполнет ќе овозможи подолго користење. Ваквиот развоен концепт се стреми и кон тоа да го катапултира овој скап материјал, кој досега се користеше во авио индустријата и Формула 1, од луксузниот сектор во секторот за масовно производство.

За да стигне до таа цел БМВ се здружи со специјалистот СГЛ Карбон.

Карбон наместо нуклеарен отпад

Во 1980-тите, индустриската област во Вакерсдорф, Баварија, беше сцената на протести од локалните жители кои се противеа на планираната изградба на фабрика за процесирање на нуклеарен отпад.

Денеска фабриката се користи за производство на карбонот на иднината.

Тука големите машини преработуваат километри и километри на црни снопови од карбонски влакна, кои се увезени од САД.

Вакерсдорф е едно од двете места кои ги води СГЛ автомобилски-карбонски влакна, здружената компанија, составена од БМВ и СГЛ Карбон. Втората фабрика се наоѓа во Мосес лејк, во државата Вашингтон, САД.

„Ние ги претвораме калемите од карбонски влакна во тепих, можете да ги замислите како теписи во облик на широк душек“ вели Катарина Шраид.

Carbonfaser-Gelege-Maschine

Карбонските влакна се спроведени во „душеци“ и намотани на калеми

Тоа што машините го мотаат, навистина изгледа како ролни од теписи кои можат да се најдат во стоковна куќа. Тоа се суровините кои се користат за производство на деловите на новиот „и3“ автомобил.

Скап материјал за масовно производство

Се верува дека ова здружување на БМВ ќе му донесе предност во иднина, кога станува збор за продуктите базирани на карбон, но не без инвестирање.

„Карбонот е многу скап, ниту една компанија досега не произвела карбон за пазарот на големо“, вели Шраид.

Досега, деловите се произведувани рачно, дел по дел.

„Тоа не е опција за нас, ние сакаме да го произведуваме 'и3' масовно“, вели Шраид.

БМВ и СГЛ Карбон со години се обидуваат да ги направат карбонските делови достапни, токму затоа машините во Вакерсдорф се тука.

Компанијата има 100 вработени кои работат на тоа да произведат карбонски „душеци“ уште од крајот на јуни, поради тоа што БМВ се фокусира на иновативен материјал за својот нов „и3“ автомобил.

Во БМВ се убедени дека карбонот ги поседува идеалните пропорции.

Шраид вели: „многу е цврст, но е многу полесен од челикот и алуминиумот“.

Колку е полесен автомобилот толку повеќе растојание ќе поминува. Колку повеќе растојание автомобилот поминува, толку повеќе е атрактивен.

BMW i3

Спортска, шик и футуристичка, „и3“ се полни

„Душеците“ од карбонски влакна се претвараат во автомобилски делови во фабриката на БМВ во Ландсхут, пред да бидат пратени во Лајпциг, каде „и3“ се склопува. Другите делови од автомобилот се произведени во најголемата фабрика на БМВ во Динголфинг.

Вистински е-автомобил

Автомобилската индустрија со нетрпение го очекуваше „и3“, потегот е гледан како сериозен влог на еден реномиран произведувач на автомобили во е-мобилноста.

„Секако дека праќаме јасен сигнал до пазарот, но тоа е сериозен чекор и ние сме сигурни во него“, вели Валтер Хубер, портпаролот на БМВ за Вакерсдорф и Регенсбург.

БМВ вели дека не е заинтересиран за обична трансформација на еден од своите автомобили во електричен автомобил. Компанијата го има замислено „и3“ како електричен автомобил во секој сегмент не само шасијата.

„и3“ може да го наполни својот акумулатор од кој било штекер и со едно полнење може да помине до 150 километри.

Оние кои сакаат да го возат овој автомобил, нема да мора да чекаат долго, неговото лансирање е закажано за подоцна есенва.